Бислама
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бислама е креолски јазик и еден од двата официјални јазика на Вануату. Јазикот е мајчин јазик за голем дел од урбаното население во државата, а втор јазик за остатокот од населението. Јазикот е креолски и е заснован на англискиот јазик, односно мешавина од локалните јазици и англискиот, но има зборови и од францускиот.
Кратки факти Бислама, Застапен во ...
Бислама | |
---|---|
Застапен во | Вануату |
Говорници | 6,000 (2001) 200,000 како втор јазик |
Јазично семејство | англиски креолски
|
Писмо | латиница |
Статус | |
Службен во | ![]() |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | bi |
ISO 639-2 | bis |
ISO 639-3 | bis |
Linguasphere | 52-ABB-ce |
Затвори
Над 95% од зборовите во јазикот се од англиско потекло, а остатокот е од францускиот и локалните јазици. Зборовите за растенијата и животните се воглавно од локалните јазици.[1] Влијанието на локалните јазици врз бислама во поглед на зборовите е слабо, но многу големо врз морфологијата и синтаксата. Јазикот може да се опише како јазик со англиски зборовен фонд и океанска граматика.[2]