Биорасположливост
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во фармакологијата, биорасположливост означува делот на администрираната доза на лек кој непроменет доспева до системската циркулација и претставува едно од главните фармакокинетички својства на лековите. По дефиниција, кога еден лек се администрира интравенски, неговата биорасположливост е 100%.[1] Сепак, кога лекот се администрира преку други патишта (како орално), неговата биорасположливост воглавно се намалува (поради нецелосна апсорпција и метаболизам на прв премин) или може да варира од пациент до пациент.