![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/fb/EPassport_logo.svg/langmk-640px-EPassport_logo.svg.png&w=640&q=50)
Биометриски пасош
From Wikipedia, the free encyclopedia
Биометриски пасош (познат како е-пасош, ePassport или дигитален пасош) е традиционален пасош кој има вграден електронски микропроцесор чип кој содржи биометриски информации коишто можат да се користат за автентикација на идентитетот на имателот на пасошот. Ја користи технологијата на бесконтактните паметни картички, заедно со микропроцесорски чип (компјутерски чип) и антена (и за напојување на чипот и за комуникација) вградени во предниот или задниот капак, или на средната страница, на пасошот. Важните информации за имателот на пасошот се отпечатени на страницата за податоци, повторени на машинските линии и врежани во чипот. Инфраструктурата со јавен клуч (PKI) се користи за автентикација на податоците зачувани во чипот, што го прави скап и тежок за фалсификување кога сите безбедносни механизми се целосно и правилно спроведени.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/fb/EPassport_logo.svg/220px-EPassport_logo.svg.png)
Многу земји почнуваат да издаваат биометриски пасоши на своите граѓани. Малезија е првата земја која има издадено биометриски пасоши во 1998 година.[1] Во декември 2008 година, 60 земји издале вакви пасоши,[2] кои се имаат зголемено за на над 150 до средината на 2019 година.[3]
![]() | Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |