Билјанини Извори
From Wikipedia, the free encyclopedia
Билјанини Извори — извор на вода во Охрид, најпознат по легендите поврзани околу него.
- За други значења на поимот Билјанини Извори видете на појаснителната страница
Билјанини Извори всушност е преливот на вода во базенот што се наоѓа над отворите каде што таа истекува. Еден дел од базенот се користи за потребите на водоводот во Охрид, еден дел за потребите на Хидробилошки завод за вештачко одгледување рибен подмладок и за обезбедување чиста вода. Откако ќе се задоволат тие потреби, вишокот на вода се излива над отворите на Билјанини Извори.
Наоѓалиштето кај Билјанини Извори и самите извори преку лето го посетуваат до сто илјади домашни и странски туристи.[1]