издолжени заби кај некои животни From Wikipedia, the free encyclopedia
Бивни — издолжени заби во постојан раст се издаваат од устата кај извесни цицачи. Најчесто животното има по два вакви заба, обично песјаци. Такви се брадавичестата и дивата свиња и моржот. Кај слонот, ова се издолжени секачи. Мажјаците имаат поголеми бивни од женките, а кај нарвалите ги имаат само мажјааците. По облик се закривени, со исклучок на нарвалот, кој има една права усукана бивна. Постојаниот раст го овозможува творното ткиво на завршните отвори во коренот на забот.[1][2]
Бивните имаат различни намени, зависно од животното. Често се користи за борба и покажување надмоќ меѓу мажјаците. Слоновите ги користат за копање и дупчење, додека пак кај моржовите служат како помагала за одење по мразот и излегување од вода.[3]
Од бивните (особено слоновата коска) се изработуваат накит и украси, а порано и клавиши за пијано, дршки и сл. Поради скапоценоста на овој материјал, животните се подложни на прекумерен лов и доста од нив се загрозени. Денес трговијата со слонова коска е предмет на строги ограничувања и забрани согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови од дивата флора и фауна (CITES) на ООН.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.