Би-би-си
From Wikipedia, the free encyclopedia
Британската радиодифузна корпорација (Би-би-си) е Британска јавна радиодифузна корпорација со седиште во Лондон,Обединетото Кралство. Таа е најголемата радиодифузна корпорација во светот со околу 23000 вработени лица.Главна одговорност е делумно да обезбеди јавен радиодифузен сервис во Обединетото Кралство,Каналските Острови и островот Ман. БиБиСи е полуавтономен јавен радиодифузен сервис кој работи во рамките на Кралската повелба,со добиена лиценца и договор од Министерството за внатрешни работи.Во рамките на Обединетото Кралство,корпорацијата е финансирана главно од годишна телевизиско радиодифузна такса, која се наплаќа во сите британски домаќинства,компании и организации коишто користат каков било тип на опрема за снимање или емитуваат емисии во живо;големината на таксата,која е одобрена од Парламентот, се поставува годишно од страна на британската влада. Надвор од Велика Британија, БиБиСи обезбеди услуги со договорите за директно емитување и реемитување на радиото, се од свеченото отворање на БиБиСи империјата за услуги во декември 1932 година,а од неодамна и со телевизијата и со интернетот.Иако светскиот сервис има посебен управен директор и трошоците се финансирани главно од директните донации на британската влада корпорацијата споделува некои од објектите на домашните услуги, поточно за вести и за тековни настани.Овие субвенции се одредуваат независно од домашната радиодифузна такса и обично се доделени од буџетот на Министерството за надворешни работи.Како такви,меѓународните содржини на БиБиСи традиционално претставуваат-барем делумно- важечка алатка на политиката на британската влада.Со неодамнешниот извештај на трошење на Светскиот сервис на БиБиСи, беа објавени плановите со кој Светскиот сервис ќе биде лишан од домашната радиодифузна такса.Корпорацискиот загарантиран приход од радиодифузната такса и субвенцијата на Светскиот Сервис се надополнети од профитот на комерцијално работење на компанијата низ целиот свет.БиБиСи исто така заработува дополнителни приходи од продажбата на програмски услуги преку БиБиСи студиото и пост продукцијата ЛТД, некогаш познато како ‘’BBC Resources Ltd’’, уште една компанија која е во целосна сопственост на корпорацијата.Повеќето од спијанијата и книгите на БиБиСи беа продадени во 2011година.БиБиСи понекогаш се нарекува "Auntie" или "the Beeb". "Auntie" се користи како "сестрата"на БиБиСи корпорацијата,односно на австралиската радиодифузна корпорација.[1]
Фактографската точност на оваа статија може да е доведена во прашање поради застарени информации. Можете да ја подобрите статијата подновувајќи ја. Можно е да има информации на разговорната страница. |
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/65/BBC_logo_%281997-2021%29.svg/640px-BBC_logo_%281997-2021%29.svg.png)