американски друмски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Бенџамин „Бен“ Кинг (англиски: Benjamin "Ben" King; р. 22 март 1989 ) — американски професионален друмски велосипедист, кој вози за Хјуман Пауеред Хелт.[1][2] Кинг станал професионалец во 2008 година.[3]
Кинг на Трката околу Алберта 2014 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Бенџамин Кинг | ||
Роден | 22 март 1989 Норт Гарден, Вирџинија, САД | ||
Висина | 1,82 м | ||
Маса | 68 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Хјуман Пауеред Хелт | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | сцецијалист за искачување помошник | ||
Аматерски клубови | |||
2004–2005 2006–2007 2009 | Шарлотсвил Рејсинг Клуб ХотТјубс Џуниор Дивилопмент Флај Ви Австралија | ||
Професионални клубови | |||
2008 2009–2010 2011 2012–2013 2014–2016 2017-2020 2021 2022 | Кели Бенефит Стратеџис–Медифаст Хагенс Берман Аксеон Тим РадиоШек РадиоШек-Нисан Гармин-Шарп Тим Дименжн Дата Рели Сајклинг Хјуман Пауеред Хелт | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 3 ноември 2022 |
Кинг возел за континенталната екипа Кели Бенефит Стратеџис–Медифаст во 2008 година.[4][5] Кинг возел со континенталната екипа Хагенс Берман Аксеон во сезоните 2009 и 2010.[6][7] Во септември 2010 година го освоил националното друмско првенство.[8]
Откако го освоил елитното велосипедско првенство потпишал за Тим РадиоШек за 2011.[8][9] Во 2012, Кинг со неколку други возачи од поранешната екипа Леопард Трек се преместил за да го создадат РадиоШек-Нисан.[10] Во 2013, Кинг го напуштил РадиоШек-Леопард и му се приклучил на Гармин-Шарп за сезоните 2014 и 2015.[11][12]
Во март 2015 година, Кинг ја освоил првата етапа на Критериум Интернасионал.[13][14] Бил вклучен во почетниот состав на екипата за Вуелта а Еспања 2015.[15]
По сезоната 2016 во која освоил етапа на Трката околу Калифорнија, во септември било потврдено дека Кинг ќе се приклучи на Тим Дименжн Дата за 2017 година со поддршка како предводник и ментор на помладите членови за искачување во екипата.[16]
Во мај 2018 година бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2018, каде завршил на 44. место во генералниот пласман од 149 возачи.[17]
Во август 2018 година ја освоил својата прва етапа на некоја голема трка во неговата кариера на Вуелта а Еспања[18] и тоа го повторил со уште една победа на деветтата етапа. Ја завршил трката на 24. место.
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.