From Wikipedia, the free encyclopedia
Белиот чај доаѓа од растението чај (латински: Camellia sinensis). За разлика од другите чаеви, листовите на белиот чај се берат пред целосно да се отворат, додека пупките сè уште се покриени со ситни, бели влакна. Оттука и името на овој чај. Белиот чај е поредок од другите традиционални чаеви и поради таа причина е малку поскап.
Белиот чај е сличен на зелениот чај, со многу мала обработка и без ферментација, но има забележлива разлика во вкусот. Повеќето зелени чаеви имаат карактеристичен тревкаст вкус, но вкусот на белиот чај е сладок и светол. Содржи значително помалку кофеин од другите сорти (5 мг по порција, во споредба со 40-50 мг за црн чај и 20-30 мг за зелен чај). Некои студии исто така покажале дека белиот чај содржи повеќе антиоксиданси од зелениот чај.
Белиот чај станал почитуван за време на владеењето на кинеската династија Сунг (960 - 1279). Овој чај бил избор на судот и бил примен како признание за царот. Листовите и пупките од белиот чај се мелеле во сребрен прав, кој потоа се мешал во чинии за време на чајната церемонија. Ова било инспирација за познатата јапонска церемонија за чај. Императорот на династијата Сонг бил познат по неговата наклонетост кон белиот чај. Белиот чај нашол пат низ својата долга историја. Тој до неодамна бил сосема непознат надвор од Кина и Ориентот. Денес ситуацијата е сосема поинаква, а белиот чај го нашол својот пат до потрошувачите ширум светот поради сите негови карактеристики. Како и кај сите чаеви, постојат многу варијанти на бел чај, со поетски имиња како што се: Бел божур, Златна месечина, Сребрена игла и Бел облак. Белите чаеви главно се произведувале во Кина и Јапонија, но се произведуваат и во регионот Дарџилинг во Индија.[1]
Ексклузивноста на белиот чај се криела во процесот на неговата подготовка, бидејќи најфините листови и врвови од растението Camellia sinensis се береле рачно. Белиот чај никогаш не доаѓа во контакт со човечката кожа додека не стигне до шолјата за чај. Веднаш по бербата, пупките се изложуваат на пареа и се сушат на сонце, што им дава трајна свежина. Тие се сушат само неколку часа, што овозможува природна ферментација, каде лисјата ќе омекнат. Листовите се берат пред целосно да се отворат и кога пупките се уште се покриени со фини бели влакна. Па оттука и го добил името бел чај.
Белиот чај содржи аминокиселина теанин, која го релаксира телото. Како и другите вистински чаеви, го подобрува нивото на холестерол и шеќер во крвта. Го намалува крвниот притисок и позитивно влијае на крвните садови. Три шолји бел чај на ден наводно спречуваат срцев удар. Белиот чај содржи активни антиоксиданси кои се борат против ракот. Покрај тоа што промовира силни и здрави крвни садови, белиот чај штити од катастрофален мозочен удар. Заштитува од вируси и бактерии бидејќи го спречува создавањето на нови масни клетки и го забрзува отстранувањето на мастите од зрелите масни клетки. Истражувањата откриваат дека луѓето кои редовно пиеле чај имале поголема густина на коските од оние кои не пиеле чај. Белиот чај може да има позитивни ефекти и кај пациенти со артритис и остеопороза. Шолја бел чај пред оброк го намалува апетитот.
Белиот чај има благ, нежен и речиси сладок вкус. За подготовка на добар бел чај, најважна е правилна температура на водата. На високи температури чајот добива горчлив вкус. Идеалната температура на водата е 75-80 °C. Една лажичка листови од чај се преливаат со два децилитри вода и се остава 2-3 минути. Ако се користи чај во филтер кесички, мора да се внимава, бидејќи пречекорувањето на минутите го прави чајот горчлив и невкусен.
Подобрите видови на чај имаат силна арома и не се горчливи, додека оние со послаб квалитет не се. Можеме неколку пати да ги прекриеме листовите со вода, но потоа треба секој пат да го продолжуваме времето (до 15 минути по четврти пат). Некои обожаватели го потураат чајот со поладна вода, но потоа го оставаат да отстои до пет минути. Чајот содржи кофеин, па затоа не треба да се пие пред спиење.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.