From Wikipedia, the free encyclopedia
Народноослободителен баталјон „Мирче Ацев“ (Прв баталјон на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ) — прва регуларна воена единицица на НОВ и ПОМ.[1] Бил формиран на Славеј Планина на 18 август 1943 година од околу 200 борци од Преспанско-битолскиот НОПО „Дамјан Груев“, делови од Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“, делови од Прилепскиот НОПО „Ѓорче Петров“ и новопристигнати борци од Дебрца.[1][2]
Народноослободителен баталјон „Мирче Ацев“ | |
---|---|
Формирањето на народноослободителниот баталјон „Мирче Ацев“ на Славеј Планина (1943) | |
Активна | 18 август 1943 - 11 ноември 1943 |
Битки | НОБ |
На почетокот на месец септември 1943 година извршил значаен борбен поход во кој била создадена првата слободна територија во Македонија во Дебрца и ослободен првиот град - Кичево. Почнувајќи со акции од 7 септември 1943 баталјонот извршил напади на италијански карабинерски станици во Охридско, урнал три моста на патот Кичево - Охрид, исекол 130 ПТТ столбови, на 11 ноември ја запалил жандармериската станица во селото Сливово, а на 12 септември влегол во првиот ослободен град - Кичево, каде учествувал во разоружувањето на италијанскиот гарнизон.[1]
Во почетокот на октомври 1943, заедно со Првиот косовско-метохиски НО баталјон „Рамиз Садику“ и Вториот кичевски НО баталјон, влегол во состав на Групата баталјони и во периодот од 5 до 9 октомври водел борби кај селата Извор, Кленоец, железничката станица во Подвис, извршил диверзии на патот Ресен - Охрид и се судрил со бугарските гранични сили на планината Баба Сач.[1] Кога главнината на Групата баталјони била вратена во одбрана на слободната територија на Дебрца, околу 70 борци на баталјонот дејствувале на комуникацијата Битола - Ресен.[1] Подоцна заедно со други единици на НОВ и ПОМ, баталјонот водел борби против германско-балистичките сили во Кичевско (5 октомври), со бугарските гранични единици (6 октомври) и на планината Бигла со бугарските единици од ресенскиот гарнизон (24 октомври).[1] Со групата македонски и групата косовски баталјони водел борба со германско-балистичките сили кај Кичево, селото Раштани (1 и 2 ноември) и на планината Буковиќ (6 ноември), по што влегол во составот на каде влегол во составот на Првата македонско-косовска НОУ бригада.[1] Баталјонот бил расформиран на 11 ноември 1943 година, во селото Сливово во Охридско каде влегол во составот на Првата македонска НОУ бригада.[1] По осамостојувањето на Македонија, во 1992 година, денот на формирањето на баталјонот - 18 август е прогласен за Ден на Армијата на Република Македонија (АРМ)[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.