вид растение From Wikipedia, the free encyclopedia
Баблика или обична баблика (науч. Aria edulis или Sorbus aria) — вид листопадно дрво од семејството на розите (Rosaceae). Автохтон е во речиси цела Европа, делови од Северна Африка (Алжир, Мароко, Тунис) како и умерените краишта на Западна Азија (Ерменија, Грузија).[2] Во Македонија е распространет во високите делови на планините низ целата земја.[3] Има мали димензии и засводена крошна, а листовите оздола се светлосиви. Претпочита варовнички и кредни почви. Цветовите се двополови и кремасто бели, собрани во штитовидни соцветија. Тие се појавуваат во мај и се опрашуваат од инсекти. Плодовите се жолто-црвеникави бобинки со кои се хранат птиците, а за човекот се јадливи кога ќе презреат.[4] Во Македонија од нив се прави оцет и ракија.[3]
Баблика | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Розиди |
Ред: | Розовидни |
Семејство: | Рози |
Род: | Баблики |
Вид: | Баблика |
Научен назив | |
Aria edulis (Willd.) M.Roem. | |
Распространетост | |
Синоними | |
Список
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.