БРИКС
From Wikipedia, the free encyclopedia
БРИКС (англ. BRICS) — меѓународна политичка организација на водечките сили во развој и наследник на претходната организација БРИК, укината со вклучувањето на Јужноафриканската Република (ЈАР) во 2010. Сегашните[1] пет земји-членки се Бразил, Русија, Индија, Кина и ЈАР (BRICS = Brazil, Russia, India, China и South Africa).[2] Со исклучок на Русија,[3] членките на БРИКС се земји во развој што се сметаат за нови сили поради нивните големи стопанства и значајно влијание во регионалните и меѓународните случувања. Во нив живее речиси една половина од светското население, со збирен БДП од 13,6 трилиони долари,[4] и заедно имаат надворешни резерви од 4 трилиони долари.[5]
Претставници на BRICS на самитот во 2023, од лево кон десно: Лула да Силва, Си Џинпинг, Сирил Рамафоса, Нарендра Моди, и Сергеј Лавров | |
Легенда:
Земји-членки | |
Кратенка | BRICS |
---|---|
Именувана по | Иницијалите на основачките земји (на англиски) |
Вид | Меѓународна организација |
Цел | Политичка и економска |
Членство | |
Мреж. место | https://brics2023.gov.za/ |
Претседателот на Кина Ху Ѓинтао изјавил дека земјите од БРИКС се бранители и застапници на земјите во развој и поборници за мир светот.[6] Меѓутоа, некои аналитичари велат дека постојат и знајачни спорни теми во рамките на организацијата, особено несогласувањата помеѓу Кина и Индија за статусот на Тибет.[7]