Ашанти
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ашанти (/ˈæʃɑːnˈtiː/) познати и како Асанте, се дел од етничката група Акан и потекнуваат од регионот Ашанти во денешна Гана. На нивниот јазик чви зборуваат над девет милиони луѓе како прв или втор јазик.[1][2][3]
Кратки факти Асантефо, Јазици ...
Асантефо | |
---|---|
Јазици | |
| |
Вероисповед | |
Сродни народи | |
Ајан, Фанте, Короманти |
Затвори
Асанте, богат народ со злато ја развиле големата и влијателна Ашанти империја, по езерото Волта и Гвинејскиот Залив. Империјата била основана во 1670 година, а главниот град Кумаси бил основан во 1680 година од императорот Осеи Кофи Туту I.[4] Сместена на трговска крстосница, стратешката локација на Кумаси значително придонела за неговото богатство[5] и придонело да се претвори во финансиски центар и политичка престолнина каде цветала трговијата со предмети како злато и со робови.