![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b9/Aztec_ruins_national_monument_20030922_100357_1.1504x1000.jpg/640px-Aztec_ruins_national_monument_20030922_100357_1.1504x1000.jpg&w=640&q=50)
Ацтечки рушевини (САД)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Националната знаменитост „Ацтечки рушевини“ (англ. Aztec Ruins National Monument) е зачувано археолошко наоѓалиште со рушевини од културата на индијанскиот народ Пуебло во северозападно Ново Мексико, САД, кај гратчето Ацтек и североисточно од местото Фармингтон, близу реката Анимас. Недалеку од ова место на југ се наоѓаат итн. Салмонови рушевини и културно-историски парк, со други стари рушевини од оваа култура. Најблиско населено место до овие рушевини е Блумфилд, близу реката Сан Хуан.
Национална знаменитост Ацтечки рушевини | |
---|---|
![]() | |
Местоположба | округ Сан Хуан, Ново Мексико, САД |
Површина | 1,28 км² |
Изграден | 1100 |
Посетеност | 39.538 (во 2007) |
Управа | Служба за национални паркови на САД |
Дел од: | Национален историски парк на културата Чако |
Национален регистар на историски места на САД | |
Тип: | Историски реон |
Прогласено: | 15 октомври, 1966[1] |
Број | 66000484 |
Национален споменик на САД | |
Прогласено: | 24 јануари 1923 |
Градбите датираат од XI и XIII век. Кон средината на XIX век, со доаѓањето на првите американски доселеници, овие рушевини погрешно им биле припишани на Ацтеките.
Првото наоѓалиште е прогласено за Национална знаменитост на САД на 24 јануари 1923, а во 1928 г. е променета границата за да го опфати и второто наоѓалиште. Сопственик на местата е Службата за национални паркови, која на 15 октомври, 1966 наоѓалиштето го завела во Националниот регистар на историски места на САД. На 8 декември, 1987 УНЕСКО го прогласува наоѓалиштето за светско наследство, како дел од поголемиот Национален историски парк на културата Чако.