![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/f4/%25D0%2590%25D1%2586%25D0%25BE_%25D0%25A8%25D0%25BE%25D0%25BF%25D0%25BE%25D0%25B2.tif/lossy-page1-640px-%25D0%2590%25D1%2586%25D0%25BE_%25D0%25A8%25D0%25BE%25D0%25BF%25D0%25BE%25D0%25B2.tif.jpg&w=640&q=50)
Ацо Шопов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ацо Шопов (Штип, 20 декември 1923 — Скопје, 20 април 1982 ) — македонски поет и преведувач, член на МАНУ и еден од основоположниците на современата македонска поезија.
Ацо Шопов | |
---|---|
![]() | |
Амбасадор на СФР Југославија во Сенегал | |
На должноста 1971–1975 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | Ацо Шопов 20 декември 1923(1923-12-20) Штип, Кралство Југославија (денес Македонија) |
Починал(а) | 20 април 1982(1982-04-20) (возр. 58) Скопје, СР Македонија, СФР Југославија |
Сопружник | Светлана Шопова |
Родители |
|
Писателска кариера | |
Значајни дела | Список
|
Шопов е еден од основоположниците на современата македонска книжевност. Неговата прва збирка Песни (1944) e првата книга на македонски јазик објавена во слободна Македонија. Тој бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија ДПМ и негов член од основањето во 1947 г., прв претседател на Советот на фестивалот Струшки вечери на поезијата (1962 г.), претседател на поранешниот Сојуз на книжевните преведувачи на Југославија, претседател на Сојузот на писателите на Југославија, член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) од нејзиното основање (1967), член на Македонскиот ПЕН центар[мртва врска]. Основач, во 1951 г., и прв директор на издавачката куќа „Кочо Рацин“, а потоа долгогодишен директор на издавачката куќа „Македонска книга“, Ацо Шопов бил амбасадор на СФРЈ во Сенегал (1971- 1975) и претседател на Републичката комисија за културни врски со странство (1975-1979). Шопов бил уредник или главен и одговорен уредник на списанијата: „Нов ден“, „Млад Борец“, „Иднина“, „Современост“, „Хоризонт“ и сатиричниот весник „Остен“.