Арјен Робен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Арјен Робен (хол. Arjen Robben, р. 2 јануари 1984 година) — холандски фудбалер кој игра за германскиот бундеслигаш Бајерн Минхен. Иако е класифициран како напаѓач, тој обично игра на крилната позиција веднаш зад напаѓачите, и е познат по својот дриблинг, брзина, центаршут и прецизен удар од далечина. Тој, исто така е дел од холандската репрезентација и настапил со неа на Европското првенство 2004 година, Светското првенство 2006 година, Европското првенство 2008 година и на Светското првенство во 2010 година. Робен најпрво се истакнал во Гронинген за кого настапувал и бил прогласен за играч на годината во холандското првенство во сезоната 2000-01. Две години подоцна, тој потпишал за ПСВ од Ајндховен, каде што станал најдобар млад играч на годината во Холандија и ја освоил титулата во холандското првенство. Следната сезона, водечките англиски тимови биле заинтересирани за потписот на Робен, и по долготрајни преговори, тој се приклучил на Челзи во 2004 година. Дебитантскиот настап на Робен во Челзи бил одложен поради повреда, но откако закрепнал од повредата тој му помогнал на Челзи да освои две последователни титули во Премиер лигата и бил играч на месецот ноември во 2005 година. По третата сезона во Англија, која му била нарушена поради повреда, Робен се преселил во шпанскиот тим Реал Мадрид за сума од 35 милиони евра. Во Август 2009 година, Робен преминал во Бајерн Минхен за сума од околу 25 милиони евра и постигнал два гола во дебитантскиот настап. Во својата прва сезона во Минхен, Бајерн ја освоил шампионската титула, петта лига титула за Робен во осум години и стигнал до финалето на Лигата на шампиони. По неговата прва сезона во баварскиот тим, играчот бил исто така именуван за фудбалер на годината во Германија.
Арјен Робен | |||
---|---|---|---|
Робен во 2015 година | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Арјен Робен[1] | ||
Роден на | 23 јануари 1984(1984-01-23) (40 г.) | ||
Роден во | Бедум, Холандија | ||
Висина | 1.80 м (5 ст 11 ин)[2] | ||
Позиција | Крилен напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Баерн Минхен | ||
Број | 10 | ||
Младинска кариера | |||
1989–1996 | ВВ Бедум | ||
1996–2000 | Гронинген | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2000–2002 | Гронинген | 46 | (8) |
2002–2004 | ПСВ | 56 | (18) |
2004–2007 | Челзи | 67 | (15) |
2007–2009 | Реал Мадрид | 50 | (11) |
2009– | Баерн Минхен | 200 | (98) |
Репрезентација ‡ | |||
1999 | Холандија 15 | 1 | (0) |
1999–2000 | Холандија 16 | 11 | (4) |
2000 | Холандија 17 | 3 | (1) |
2001–2002 | Холандија 19 | 8 | (2) |
2001–2003 | Холандија 21 | 8 | (1) |
2003– | Холандија | 96 | (37) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 18:15, 8 April 2017 (UTC) ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 25 March 2017 |