Арсениј Јовков
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Арсениј Јовков (25 март 1884 — 14 септември 1924) — македонски револуционер, киносценарист и публицист.
Арсениј Јовков | ||
Роден | 25 март 1884
Селци, Струшко | |
---|---|---|
Починал | 14 септември 1924
Горна Џумаја, Пиринска Македонија |
Роден е во селото Селци, Струшко, на 25 март 1884 година. Тој е син на Атанас (Танасков) Јовков кој долги години се бори против месните бегови, а негов вујко е писателот Војдан Чернодрински. Се образува и завршил гимназија во Битола. Уште како ученик во Битолската гимназија, некаде околу 1900 г., почнува да пишува поезија, речиси истовремено со својот соселанец, Војдан Чернодрински.
Во пресрет на Илинденското востание, во престрелка со Турците, загинал таткото на Арсениј. Сè уште средношколец, Арсениј се враќа во Дебарско и влегува во Македонската револуционерна организација. Во 1903 година учествува во Илинденското востание како секретар на војводата Тасе Христов. Се бори во Дебарца и Кара Осман, а по загинувањето на неговиот брат Нико Јовков, Арсениј станува војвода на неговата чета. По востанието емигрирал во Бугарија.
Јовков е првиот македонски филмски сценарист, според чие сценарио е снимен документарниот филм „Македонија во слики“ во 1923 година[1]. Автор е и на сценариото за играниот филм „Илинден“.[2][3]
Убиен е во познатите септемвриски Горноџумајски атентати.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.