From Wikipedia, the free encyclopedia
Во органската хемија, ароматичните соединенија се голема група на органски соединенија од кои најголем дел спаѓаат во групата на незаситени соединенија кои имаат sp2 хибридизиран јаглероден атом, но сепак не се ни алкени и циклоалкени. Типичен претставник на ароматичните соединенија е бензенот.
Терминот "ароматично" означува нешто што мириса. Поради тоа, многу супстанци што мирисаат, познати од многу одамна, биле класифицирани како ароматични соединенија. Овие соединенија содржат бензенов прстен што е поврзан за еден или повеќе супституенти.
Денес класификацијата на ароматичните соединенија не се заснова на мирисот затоа што повеќето соединенија што содржат бензенов прстен не мирисаат. Така, некои ароматични соединенија, вклучувајќи ги и средствата против болка (аналгетиците) како аспирин (види ја неговата структурна формула подолу), ибупрофен и ацетаминофен, се цврсти супстанци што малку мирисаат или воопшто немаат мирис.
Едно соединение е ароматично ако го исполнува т.н. Хикелово правило за ароматичност. Според него, соединенијата се ароматични доколку:
Значи, само цикличните и планарните молекули со 2, 6, 10, 14, 18 итн. π-електрони можат да се ароматични.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.