Аристократија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Старогрчкиот поим аристократија значи "власт на најдобрите" и е кованка од зборовите "аристо" (најдобар) и "кратија" (владеење). Бидејќи секој има различна дефиниција за поимот "најдобар", особено во контекст на власта, терминот е прилично негоден за употреба. Историски, аристократиите најчесто се наследни плутократии (видете подолу), каде што чувството на историски гравитас и ноблес оближе ги приморува членовите на таквата класа на високопринципијални дела.
Кратки факти Државни уредувања ...
Државни уредувања |
---|
Дел од темата Политика |
|
Портал Политика · уреди |
Затвори
Други системи на управа:
- меритократија - "власт на најзаслужните". Овој систем навидум изгледа сличен на "аристократија", поимот "меритократија" обично подразбира многу пофлуиден систем на владеење, во кој членовите не се сметаат за "најдобри" довека, туку мораат постојано да се докажуваат за да останат на власт.
- плутократија - "власт на богатите". Во практика, аристократите се само плутократи чие богатство им овозможува да ги прикажат своите доблести како "најдобри".
- олигархија - "власт на малкуте". Дали аристократијата е исто што и олигархија зависи од тоа што подразбираме под "малкуте".
- монархија - "власт на еден поединец". Историски, најголемиот дел од монарсите се исто така и аристократи. Меѓутоа тие сепак никогаш не биле во одлични односи со аристократијата бидејќи тие претставуваат нивни соперници. Борбата помеѓу владеачките династии и другите аристократски семејства во една земја е централна тема во средновековната историја.
- демократија - "власт на народот". Во текот на изминативе два века, демократијата претставува најголемиот непријател на аристократијата. Лингвистичкиот конфликт меѓу нив почнал со Американскиот револуционерен идеал дека сите луѓе се "создадени еднакви" проследен од Француската револуција (првата во Европа) и продолжил низ 19 век, повремено избувнувајќи во жестоки епизоди (Револуции од 1848 година). Крајот на Првата светска војна во 1918 год. ја означува лингвистичката победа на "демократијата" над "аристократијата" како претпочитан управен термин.