Антитаур
планински венец во Турција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Антитаур (грчки: Αντίταυρος) или Аладаглар турски: Aladağlar) — планински венец во јужна и источна Турција што се протега во лак североисточно од венецот Таур.[1] Највисока планина е Демирказик (3.756 м).
Во околината на венецот (но не во него) се наоѓа планината Ерџијес (3.917 м), за која старогрчкиот географ Страбон напишал дека има врв вечно покриен со снег, и дека оттаму може да се видат и Црното и Средоземното Море.[2]