![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/c/c6/%25D0%2593%25D0%25B8%25D1%2585%25D1%2582_%25D0%25BD%25D0%25B0_%25D1%2588%25D0%25B0%25D0%25BA%25D0%25B0.jpg/640px-%25D0%2593%25D0%25B8%25D1%2585%25D1%2582_%25D0%25BD%25D0%25B0_%25D1%2588%25D0%25B0%25D0%25BA%25D0%25B0.jpg&w=640&q=50)
Гихт
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гихтот, уричниот артритис или Подаграта се јавува како резултат на депонирање на кристали на мононатриум урат од хиперурикемичните телесни течности во ткивата. За да се развие оваа состојба, се смета дека е неопходна претходна долгогодишна хиперурикемија. Кај определени лица, хроничната хиперурикемија доведува до создавање на депозити од кристали на мононатриум урат (МНУ) во зглобовите или околу нив. Овие депозити остануваат незабележани и асимптоматски, или може да се придружени со типични повторувачки атаки на самоограничувачки артритис. Кога е нетретиран гихтот, може да ја промени својата класична акутна еволуција: тој станува деструктивен и се манифестира полиартикуларно. Кај овие болни се регистрира зглобно и коскено уништување. Кај околу 20% од болните со гихт се појавува уролитијаза (кристали на урична киселина) или хронична ренална болест. Гихтот е синдром кој вклучува спектар на клинички манифестации:
- Повторувачки атаки на акутен артритис, теносиновитис, бурзитис или целулитис. Овие атаки се одликуваат со наод на кристали на МНУ вонклеточно или внатреклеточно, во леукоцитите на синовијална течност;
- Хроничен, ерозивен и деформирачки артритис придружен со периартикуларни и супкутани уратни депозити (тофи);
- Нефролитијаза и уролитијаза;
- Хронична уратна нефропатија и хипертензија.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
![]() | Ве молиме, обратете внимание на важното предупредување во врска со темите поврзани од областа на медицината (здравјето). |
Гихт | |
---|---|
Специјалност | Ревматологија, интерна медицина ![]() |
Честота | 1 to 2% (developed world) |
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/c/c6/%D0%93%D0%B8%D1%85%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D1%88%D0%B0%D0%BA%D0%B0.jpg/640px-%D0%93%D0%B8%D1%85%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D1%88%D0%B0%D0%BA%D0%B0.jpg)
Пред да се манифестира некоја од гореневедените клинички манифестации, обично е присутна хронична асимптоматска хиперурикемија од 10-30 години.
Во минатото оваа болест била позната како „болест на кралевите„[1] или „болест на богатите„[2]. Така е наречена затоа што во патогенезата на гихтот голема улога игра и храната особено богата со белковини и алкохол.