Антена (латински: antenna, јадрен крст) – активен или пасивен електромагнетенуред или дел кој во склоп со некои електронски уреди (на пример, радио или радарскирадиопредаватели и приемници) ја претвора електромагнетната енергија, поврзана преку водови или брановоди, во просторен електромагнетен бран и обратно. Истото ефикасно се постигнува во одредено честотно подрачје за кое е наменета антената, па согласно тоа антените може да се поделат на „резонантни“ или „теснопојасни“ и „апериодни“ или „широкопојасни“. Обликот и изведбата на антената зависи од енергијата со која се побудува, а особено од брановата должина за која е проектирана.[1] Предавателната антена го претвора еднодимензионалниот бран од преносната структура (коаксијален кабел или брановод) во тридимензионален просторен бран, насочувајќи ја притоа енергијата во саканата насока. Приемната антена ја прима електромагнетната енергија зависно од јачината на електричното поле кое доаѓа до антената.