![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/3f/%25D0%2590%25D0%25BD%25D0%25B4%25D1%2580%25D0%25B5%25D1%2598%25D0%25B0_%25D0%2594%25D0%25B0%25D0%25BC%25D1%2598%25D0%25B0%25D0%25BD%25D0%25BE%25D0%25B2.png/640px-%25D0%2590%25D0%25BD%25D0%25B4%25D1%2580%25D0%25B5%25D1%2598%25D0%25B0_%25D0%2594%25D0%25B0%25D0%25BC%25D1%2598%25D0%25B0%25D0%25BD%25D0%25BE%25D0%25B2.png&w=640&q=50)
Андреја Дамјанов
македонски архитект / From Wikipedia, the free encyclopedia
Андреја Дамјанов (Папрадиште, Велешко, 1813 — Велес, 16 август 1878 ) — еден од најголемите градители на сакрални објекти на Балканот од периодот на македонската преродба. Со своите браќа, мајсторот Андреја градел цркви во Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и други земји на Балканот. Неговата градителска умешност била забележана и во Европа, особено од патописците кои Андреј го споменуваат како вреден и ценет мајстор. Неговите цркви се сметаат за бисери на сакралната архитектура на Балканот. При изградбата на црквите кои ги решавал како трикорабни базилики со полуцилиндречни сводови, Дамјанов особено внимавал на акустиката во ентериерот на црквата како и на декоративните елементи на столбовите што се белег на неговите градби.
Андреја Дамјанов | |
---|---|
![]() Портрет на Андреја Дамјанов | |
Роден(а) | 1813 Папрадиште, Македонија |
Починал(а) | 16 август 1878 Велес, Македонија |
Зданија | Осоговски манастир |
За негова најубава и неповторлива градба се смета соборниот храм „Св. Великомаченик Пантелејмон“ во Велес, изграден во 1840 година. Дамјанов е градител на црквата во манастирот „Св. Јоким Осоговски“ кај Крива Паланка како и на црквите „Св. Богородица“ во Ново Село, штипско и „Св. Архангел Михаил“ во Чичево. Во Србија ги изградил црквите „Св. Илија“ во Печењевац, „Св. Ѓорѓи“ во Смедерево, соборната црква во Ниш како и соборната црква во Сараево. Тој ја завршува и градбата на црквата во Мостар.