![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/6d/Hans_Holbein_d._J._049.jpg/640px-Hans_Holbein_d._J._049.jpg&w=640&q=50)
Англиска реформација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Англиската Реформација се однесува за серија од настани во 16 век во Англија, со која црквата на Англија се оделила од авторитетот на папата и Римокатоличката црква.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/6d/Hans_Holbein_d._J._049.jpg/640px-Hans_Holbein_d._J._049.jpg)
Овие настани се тесно поврзани со протестантската реформација во Европа, како верско и политичко движење чие влијание на практиката во поголемиот дел од Европа во текот на овој период било во подем. За подемот на овој процес придонеле поголем број на фактори. Еден од основните бил падот на феудализмот и подемот на национализмот, подемот на општото право, пронаоѓањето на печатарската машина и зголеменото печатење на Библијата, кое довело до пренесување на нови знаења и идеи меѓу научниците како на високата така и на средната класа. Сепак, во различните фази на англиската реформација, во која биле опфатени Велс и Ирска, во голема мера таа била потикнета од промените во политиката на владата.
Можеби сè започнало по желбата на кралот Хенри VIII да го поништи својот брак со Катерина Арагонска. Сепак, според многу научници, англиската реформација на почетокот била повеќе политички отколку теолошки спор. Реалноста на политичките разлики помеѓу Рим и Англија довеле до зголемување на теолошките спорови во прв план.[1] Пред раскинувањето со Рим, црковните закони во Англија биле потполно регулирани од страна на Римокатоличката црква. Црковните даноци биле плаќани директно на Рим и тоа на папата, кој го имал последниот збор во именувањето на епископите. Раскинот на односите со Рим, довело да англискиот монарх се прогласи за Врховен гувернер на црквата, односно довело до создавање на декларација за кралот на Англија, како глава на Англиканската црква.