Анамска рака
род цветни растенија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Анамска рака (науч. Lonicera, syn. Caprifolium Mill.) — род грмушки или повивни ползавци од семејството анамски раце (Caprifoliaceae), автохтони на северната полутопка. Постојат околу 180 вида, од кои 100 во Кина и по 20 во Европа, Индија и Северна Америка. Општопознати видови се обичната (L. periclymenum), јапонската (L. japonica, наречена и „кинеска“) и зимзелената анамска рака (L. sempervirens). Некои од нив привлекуваат колибрија, особено зимзелената и портокаловата анамска рака (L. ciliosa).
Кратки факти Анамска рака, Научна класификација ...
Анамска рака | |
---|---|
Ботаничка илустрација на козја анамска рака (L. caprifolium) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Астериди |
Ред: | Чешликовидни |
Семејство: | Анамски раце |
Род: | Анамска рака L. |
Видови | |
во текстот (некои) |
Затвори
Латинскиот назив Lonicera доаѓа од германскиот ренесансен ботаничар Адам Лоницер (1528-1586).