![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/e6/St._Annenkirche_Annaberg_2010.jpg/640px-St._Annenkirche_Annaberg_2010.jpg&w=640&q=50)
Анаберг-Буххолц
град во Саксонија, Германија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Анаберг-Буххолц (германски: Annaberg-Buchholz) — град во сојузната покраина Саксонија, Германија, главен град на округот Рудни Планини.
Анаберг-Буххолц | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Рудни Планини |
Градоначалник | Барбара Клепш (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 27,70 км2 |
Надм. височина | 600 м |
Население | 19.393 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 700 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | ERZ |
Пошт. бр. | 09456 |
Повик. бр. | 03733 |
Портал | www.annaberg-buchholz.de |
Местоположба на градот Анаберг-Буххолц во рамките на округот Рудни Планини | |
![]() | |
Координати | 50°34′48″N 13°0′8″E |
Градот се наоѓа во Рудните Планини, на страната на Пелберг (832 м надморска височина). Има три протестантски цркви, меѓу нив Света Ана, градена 1499-1525 (која е исто така најголема од ваков вид во Саксонија), римокатоличка црква, неколку јавни споменици, меѓу нив оној на Мартин Лутер, на познатиот математичар Адам Рис и на Барбара Утман. Анаберг е добро познат по неговиот историски стар град и главниот плоштад, една куќа на самиот плоштад го покажува грбот на семејството Апиан-Беневиц.
Анаберг, заедно со соседната заедница, Буххолц, е главно седиште на плетената и индустријата за тантела во Германија, воведена од Барбара Утман во 1561 и понатаму развиена од белгиските бегалци, кои дошле во областа од нивната држава откако биле протерани. Рударството, по кое градот порано бил познат, сега е целосно прекинато. Некогаш се ископувале калај, сребро и кобалт. Неколку рудници се обновени по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 и може да се посетат од туристите. Анаберг има стручни училишта за тантела, трговија и земјоделство, како и неколку јавни училишта за момчиња и девојки.
Во 1945 година, двата града Анаберг и Буххолц се споиле во новиот град Анаберг-Буххолц.