From Wikipedia, the free encyclopedia
Ана Ивановна (руски: Анна Ивановна) била императорка на Русија во периодот од 1730 до 1740 година. Највлијателна фигура во нејзиниот дворец бил Ернст Јохан Бирон. При управувањето на Ана, Русија учествувала во Војната за полското наследство и Руско-турската војна од 1735-1739.
Ана Ивановна | ||
Роден | 7 февруари 1693 Москва, Русија | |
---|---|---|
Починал | 28 октомври 1740
Русија |
По смртта на Петар II, Врховниот таен совет закажал седница во дворот за да расправа околу идниот владетел на земјата. Во тоа време тој се состоел од пет членови: Головин, Остерман, Алексеј Григоревич, Василиј Лукич Долгоруки и Димитриј Голицин, а биле повикани и маршалот Василиј Владимирович Долгоруки, Михаил Владимирович Долгоруки и Михаил Голицин. Алексеј Долгоруки го покажал тестаментот на Петар според кој тој престолот го предава на својата сопруга. Но Димитриј Голицин како кандидат ја претставил Ана Ивановна, ќерка на Иван V. Освен предлогот тој истовремено и поставил и услови според кои ќе се ограничи нејзината власт во корист на Врховниот таен совет. По мали дискусии, советот го прифатил неговиот предлог. Според предложените услови:
Членовите на советот одлучиле овие реформи да се направат во што поголема тајност. Сепак нивната тајност многу брзо излегла меѓу народот. Како и да е, Ана го прифатила предлогот на Тајниот совет а заседанието се одржало во присуство на советот, синодот, сенатот во почетокот на февруари. Кон крајот на февруари Ана пристигнала во Москва каде со помош на Остерман започнал процесот за воспоставување на повторна автократија. Неговите агенти започнале да работат меѓу аристократите на тоа дека царицата треба да ги поништи условите кои претходно ги потпишала.
Како што нејзиното здравје се влошувало Ана го прогласила нејзиниот внук, Иван VI, за нејзин наследник и го назначила Ернст Јохан Бирон за регент. Ова било обид да ја обезбеди лозата на нејзиниот татко, Иван V, и да ги исклучи потомците на Петар Велики од наследството на престолот.[1]
Ана починала на 17 октомври 1740 на 47 години од бубрежни камења што предизвикало бавна и болна смрт.[2] Последните зборови на царицата биле фокусирани на Бирон.[3] Иван VI имал само два месеци во тоа време, а неговата мајка, Ана Леополдовна, била омразена поради нејзините германски советници и врски. Како последица на тоа, кратко по смртта на Ана, Елисавета Петровна, легитимната ќерка на Петар Велики, успеала да ја придобие наклонетоста на народот, го затворила Иван VI, и ја протерала неговата мајка.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.