![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5e/M2_tidal_constituent.jpg/640px-M2_tidal_constituent.jpg&w=640&q=50)
Амфихидромна точка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Амфихидромна точка — точка со нулта амплитуда на еден хармониски елемент на плимата.[1] Плимниот распон (амплитудата, разликите во висината меѓу плимата и осеката), за тој хармониски елемент се зголемува со зголемувањето на растојанието од амфихидромната точка.[2] Овие точки понекогаш се наречени плимни јазли.
Поимот „амфихидромна точка“ потекнува грчкиот збор „амфи“ (околу) и „дромос“ (трчање), кое се однесува на кружното движење на плимите околу точките.[3]
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5e/M2_tidal_constituent.jpg/640px-M2_tidal_constituent.jpg)
Амфихидромните точки настануваат под дејство на Кориолисовиот ефект во заедништво со океанските котлини, морињата и заливите создаваат бранов модел, познат и како амфихидромен систем, кој ротира околу амфихидромната точка.[2][5] Кај амфихидромните точки на провладувачкиот плимен елемент, скоро и да нема вертикално придвижување под дејство на плимата и осеката. Постојат плимни струења бидејќи нивото на површината на водата е различно на секоја од страните од амфихидромната точка. Се создава посебен амфихидромен систем за секој периодичен елемент на плимата и осеката.[6]
На повеќето места M2 е најголемиот (полудневен) плимен елемент, со амплитуда со големина на половина од целата плима. За овие точки важи дека истовремено постигнуваат плима и осека. На сликата, осеката задоцнува или предничи за 1 час и 2 минути од соседната линија. Каде што овие линии се сретнуваат се наоѓаат амфихидромните точки и плимите и осеките ротираат околу нив; на пример, вдолж чилеанското крајбрежје и од Јужно Мексико до Перу, плимите и осеките се движат кон југ, додека од Калифорнискиот Залив до Алјаска се движат кон север.