Амстел Голд Рејс
велосипедска трка во Холандија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Амстел Голд Рејс (холандски: Amstel Gold Race) — друмска велосипедска трка која се одржува (најчесто) во јужниот дел на покраината Лимбург, Холандија. Од 1989 е помеѓу трките вклучени во светските серии, најпрвин како дел од Светскиот друмски куп UCI (1989–2004), UCI ProTour (2005–2010), Светско рангирање на UCI (2009–2010) и од 2011 во Светската турнеја. Се смета за една од најважните друмски велосипедски трки во Холандија.
Кратки факти Датум, Регион ...
![]() Лого на трката | |
Датум | средина (крајот) на април |
---|---|
Регион | Лимбург, Холандија |
Месно име | Amstel Gold Race (холандски) |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Еднодневна трка |
Организатор | Amstel Gold Race Foundation |
Директор на трката | Лео ван Влит |
Прво одржување | 1966 (1966) |
Одржувања | 56 (до 2022) |
Прв победник | ![]() |
Најмногу победи | ![]() |
Неодамнешен победник | ![]() |
Затвори
Името не е директно поврзано со реката Амстел, која е далеку од патеката на трката, туку преку покровителот — пиварницата „Амстел“.
Трката често минува по ридот Фалсерберг (322,7 м) — највисока точка во Холандија и тромеѓа помеѓу Белгија, Холандија и Германија.