![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/85/Amrum.jpg/640px-Amrum.jpg&w=640&q=50)
Амрум
From Wikipedia, the free encyclopedia
Амрум (германски: Amrum; емраншки: Oomram) — еден од Севернофризиските Острови на германскиот брег во Северното Море, јужно од Зилт и западно од Фер. Претставува дел од округот Северна Фризија во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн.
Oomram | |
---|---|
![]() Источниот брег на Амрум со околните калливи рамнини | |
Географија | |
Место | Ваденско Море |
Координати | 54°39′N 8°21′E |
Архипелаг | Севернофризиски Острови |
Поголеми острови | Зилт, Фер, Амрум |
Површина | 20,46 км2 |
Највисоко издигнување | 32 м |
Највисока точка | Зијатлер |
Управување | |
Покраина | ![]() |
Округ | Северна Фризија |
Демографија | |
Население | 2.354 (2013[1]) |
Густина | 111 /km2 (287 /sq mi) |
Етнички групи | Германци, Фризи |
Островот е направен од песочно јадро и поседува широка плажа долж целиот негов западен дел, свртена кон Северното Море. Источниот брег се граничи со калливи рамнини и плимни потоци кон Ваденското Море. Песочните дини се карактеристичен дел на пејзажот на Амрум, поради што растителноста главно се состои од грмушки и џбунови. Единствената шума на островот била засадена во 1948 година. Амрум е станиште за многу видови на птици и голем број на морски цицачи, како сива фока или пристаништен мал делфин.
Населби на Амрум се забележани уште во неолитот, кога областа сè уште била дел од копното на полуостровот Јитланд. Во текот на средниот век, Фризите пристигнале на Амрум и започнале да произведуваат сол и да се занимаваат со поморство. Дел од денешното население сè уште говори емраншки, дијалект на севернофризискиот јазик и фризиските традиции се зачувани.
Бидејќи островот е прибежиште на многу загрозени видови растенија и животни, неговата почва е непогодна за земјоделство и како омилено приморско одморалиште, населението на Амрум главно се занимава со туризам.