Александар Шапиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Александар Шапиќ (роден на 1 јуни 1978 година) е српски политичар и поранешен професионален ватерполист. Во моментот ја извршува функцијата градоначаник на Белград.
Александар Шапиќ | |
---|---|
Градоначалник на Белград | |
На должноста | |
Стапил 20 јуни 2022 | |
Претходник | Ненад Миленковиќ |
Претседател на демократска партија на Србија, во белградскиот огранок. | |
На должноста 2011 – 8 јуни 2013 | |
Претходник | Драган Ѓилас |
Наследник | Балша Божовиќ |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1 јуни 1978 Белград, СФР Југославија |
Националност | Србин |
Партија | Независен политичар (2014–present) Демократска партија на Србија (2006–2014) |
Деца | 2 |
Установа | Мегатренд Универзитет |
Занимање | Политичар |
Професија | Ватерполист, тренер |
Тој официјално беше прогласен за најдобар стрелец во поранешна Југославија и сѐ уште се смета за еден од најдобрите играчи во ватерполо историјата. Од 2012 година, тој е претседател на општината Нов Белград. Во јули 2017 година, тој и официјално бил избран за најдобар играч во историјата на ватерполото, од страна на светската федерација на спортови[1].
Дипломирал на Факултетот за Менаџмент во 2003 година, магистрирал во 2009 година, додека својата докторска дисертација ја одбранил во 2012 година, во полето на индустрискиот менаџмент.[2]
Тој бил асистент на градоначалникот од 2009 до 2012 година. Исто така тој бил избран за претседател на општина Нов Белград во 2012 година и повторно бил ре-избран во 2016 година. Тој е сѐ уште претседател на најголемата општина во Белград.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.