From Wikipedia, the free encyclopedia
Аладин е американски анимиран филм од 1992 година и 31 филм продуциран од студиото Дизни. Заплетот е преземен од збирката раскази Илјада и една ноќ.[1]
Улоги | Оригинална верзија |
---|---|
Аладин | Скот Вајнгер |
Јасмин | Линда Ларкин |
Духот | Робин Вилијамс |
Џафар | Џонатан Фримен |
Јаго | Гилберт Готфрид |
султанот | Даглас Сил |
Големиот везир Џафар со папагалот Јаго ја наоѓа Пештерата на чудата во пустината, која содржи волшебна ламба. Но, глас од пештерата го предупредува Џафар дека во неа може да влезе само човек со душа како дијамант.[2]
Во градот Аграба, Аладин, скитникот и неговиот пријател, мајмунот Абу, се во бегство од стражарите поради кражба на леб. Кога Аладин и Абу се враќаат во напуштената зграда која им служи како дом, Аладин му ветува на Абу дека еден ден ќе живее во палатата.
Во палатата принцезата го отфрла принцот, а нејзиниот татко објаснува дека според законот, принцезата треба да се омажи за три дена.
Следниот ден во зори, Јасмин се искрадува од палатата за да почувствува како живеат обичните луѓе. Аладин ја спасува Јасмина на пазар и се заљубува во неа. Чуварите го фаќаат Аладин по наредба на Џафар и принцезата се открива, оставајќи го Аладин запрепастен. Во палатата, Јасмина дознава дека Џафар наредил егзекуција на Аладин, а принцезата налутено заминува. Во занданата, Аладин запознава старец (тоа е всушност Џафар маскиран) кој му кажува дека му треба помош во потрагата по богатството и дека Аладин би бил одличен избор.
Гласот на пештерата му дозволува на Аладин да влезе, но го предупредува дека може да ја земе само ламбата. Во пештерата, Аладин и Абу се среќаваат со Летечкиот килим, кој ги води до ламбата. Тие остануваат заробени во пештерата, бидејќи Абу украл рубин.
Под земја, Аладин ја трие ламбата од која излегува Духот. Духот му објаснува на Аладин дека има три желби, но мора да избере внимателно, бидејќи не може да ги исполни за да убие некого, да оживее мртви или некој да се заљуби во него.
Духот му кажува дека би сакал да биде слободен бидејќи е затвореник во ламбата и дека само господарот на ламбата (во овој случај Аладин) може да го ослободи. Аладин му ветува на Џинот дека ќе го ослободи кога ќе ја има третата желба. Аладин тогаш сфаќа дека ако сака да ја освои Јасмин, треба да биде принц и бара од Духот да го претвори во принц.
Во палатата Џафар се обидува да го убеди султанот дека, доколку принцезата не се одлучи за младоженец, Јасмина треба да се омажи за него. Преговорите ги прекинува музика од улицата која го најавува доаѓањето на принцот Али (Аладин).
Таа ноќ, Аладин (принцот Али) се обидува да ја придобие Јасмина, и Али и Јасмина патуваат низ светот на тепих и завршуваат пред Забранетиот град. Пристигнувајќи во палатата, стражарите го фатиле Али, а Џафар им наредил да се ослободат од него и да го фрлат во морето.
Аладин несвесно ја трие ламбата под вода и Духот го спасува. Во палатата, хипнотизираниот султан вели дека Јасмина ќе се омажи за Џафар. Аладин сфаќа што се случува и го крши стапот на Џафар и му кажува на султанот што се случило. Султанот го протерува Џафар, и дозволува Јасмина и Али да се венчаат и му најавува на Али дека следниот ден ќе го претстави на полкот.
Следното утро, Аладин има грижа на совест затоа што ги излажал сите. Џафар го испраќа папагалот Јаго да ја украде ламбата на Аладин и откако ја примил ламбата, Џафар прво побарал од Духот да стане султан, а потоа најмоќниот волшебник на светот. Станувајќи волшебник, Џафар ги принудува Јасмина и султанот да му станат робови и и покажува на Јасмина дека принцот Али не постои, туку само скитникот Аладин. Потоа ги фрла Аладин и Абу во кулата.
Аладин успева да се врати во палатата и му кажува на Џафар дека Духот е помоќен од кој било волшебник на светот, а Џафар му наредува на Духот да го претвори во најмоќниот Дух на светот. Откако ќе стане Дух, Аладин го потсетува дека и тој има своја ламба, а Џафар и Јаго се повлекуваат во новата ламба.
На крајот, Аладин го ослободува Духот, кој решава да оди на пат околу светот, а султанот одлучува Јасмин да може да се омажи за кого сака.
Филмот освоил 2 Оскари: Оскар за најдобра оригинална музика и Оскар за најдобра оригинална песна за песната „Цел нов свет“. Бил номинирана и во категоријата за најдобар звук и звучни ефекти, а песната „Пријатели како мене“ за најдобра авторска песна.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.