главен град на Гана From Wikipedia, the free encyclopedia
Акра е главниот град на Гана. Има околу 1,970,400 жители (според 2005). Акра е најголемиот град во Гана и е нејзин административен, комуникациски и економски центар. Од индустријата, во Акра е застапена онаа за производство на храна, дрво, текстил, облека и хемикалии. Самиот град се наоѓа во Метрополитенската општина Акра, во Големиот регион Акра.
Површина | ? км2 |
---|---|
Население | 1,970,400 |
Густина на насел. | ?/км2 |
Административна поделба | Регион Голем регион Акра |
Надморска висина | ? m |
Градоначалник | ? |
Број на населби | 3 (поглавни) |
Координати: | 5°30' С, 0°10' З |
Акра била основана од народот Га во 15 век како центар за трговија со Португалците, кои изградиле тврдина во градот, а подоцна свои тврдини изградиле и Швеѓаните, Холанѓаните, Французите и Данците сè до крајот на 17 век.
Местоположбата на денешна Акра се претворила во поголем град околу британските, данските и холандските тврдини: Џејмстаун околу британската тврдина, Осу околу данската и Ашертаун околу холандската. Овие три области го формираат јадрото на денешниот модерен град.