From Wikipedia, the free encyclopedia
Аеродромот Хамбург-Финкенвердер (IATA: XFW, ICAO: EDHI) (германски: Flugplatz Hamburg-Finkenwerder) — приватен аеродром во квартот Финкенвердер, во југозападниот дел на Хамбург, Германија. Пистата се наоѓа во непосредна близина на фабриката на Ербас и користена е најмногу од вработените на компанијата, како за бизнис така и за приватни летови. На Финкенвердер може да слета Ербас А380. Не треба овој аеродром да се помешува со главниот јавен градски аеродром Хамбург-Фулсбител.
Аеродром Хамбург-Финкенвердер Flugplatz Hamburg-Finkenwerder | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Прво слетување на Ербас А380 на Финкенвердер | |||||||||||
Општо | |||||||||||
Тип | приватен | ||||||||||
Опслужуван град | седиште на Ербас во Хамбург | ||||||||||
Местоположба | Хамбург, Германија | ||||||||||
Надморска височина | 23 ft / 7 m | ||||||||||
Координати | 53°32′09″N 09°50′13″E | ||||||||||
Писти | |||||||||||
|
Аеродромот бил изграден 10 години по Втората светска војна, првично планиран како фабрички аеродром. Во 1964 третиот прототип на Трансал Ц-160 го направил првото летање од аеродромот.
Започнувајќи во април 2006, пистата била продолжена од 2.684 метри до 3.183 метри на јужниот крај, со цел да може да слета планираната товарна верзија на Ербас А380. На 16 јули 2007, продолжената писта била предадена во употреба по целосното завршување, два месеци пред рокот.[1]
Аеродромот е дел од фабриката на Ербас во Хамбург („Airbus Operations GmbH“), каде се вработени околу 15.000 луѓе. Конечниот погон на А320 се наоѓа тука, додека и на А320 и на А380 тука им се уредуваат внатрешноста на кабините и се бојат за крајната испорака. Исто така, крајното прифаќање и испорака на А380 за потрошувачите во Европа и Средниот Исток се одржуваат во Хамбург.[2]
Фабриката во Хамбург е исто така дом на главната хала на Ербас А380, во кој се наоѓа погонот за структурата и за друга опрема. Овие делови се пренесуваат во Франција на специјално изграден ферибот, во крајниот погон во Тулуза.
Во Хамбург се наоѓа и голем центар за резерви (кој поседува околу 120.000 соодветни делови за потрошувачите од цел свет) и објект за одржување на семејството А320. Хамбург, исто така, одигрува клучна улога за А330 и А350, за кои произведува и опремува делови за предницата и задницата.
Не постојат јавни летови до и од аеродромот. Покрај преносот, товарни и тест-возења за Ербас, двапати дневно постојат бизнис-летови до фабриката на Ербас во Тулуза. Аеродромот се справува со 10 до 15 летови на ден.
Авиопревозници | Дестинации |
---|---|
Germania | Чартер: Тулуза |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.