From Wikipedia, the free encyclopedia
Адолф Шарл Адам (франц. Adolphe Charles Adam, Париз, 24 јули 1803 — Париз, 3 мај 1856) ― француски композитор, учител и музички критичар. Напишал многу сценски композиции, а денес е најпознат по неговите балети Жизел (франц. Giselle, 1841) и Гусар (франц. Le corsaire, 1856; неговото последно дело), оперите Кочијашот до Лонжумо (фран: Le postillon de Lonjumeau, 1836) и Ако сум крал (фр: Si j'étais roi, 1852) и неговата Божиќна песна „Minuit, chrétiens!" (Полноќ, христијани, 1844, позната на англиски како „O Holy Night “).
Адам бил син на познат композитор и пијанист, но неговиот татко не сакал Адолф да има музичката кариера. Адам му се спротивставил на татка си, и со многуте опери и балети заработил доволно пари, но ги загубил во 1848 година по неуспешниот обид да отвори нова оперска куќа во Париз која ќе им конкурира на Опера и Опера-Комик. Откако финансиски закрепнал се занимавал со новинарство и настава. Станал професор на Конзерваториумот во Париз (француската музичка академија).
Заедно со неговиот постар современик Даниел Обер и неговиот учител Адриен Боелдје, Адам е заслужен за создавањето на француската форма на операта.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.