Административна поделба на Шкотска
сегашни или поранешни административни единици на Шкотска / From Wikipedia, the free encyclopedia
Шкотска административно се дели на 32 обласни единици (англ. council areas), сите под унитарна управа[1] на совети (councils). По законот за гелски називи од 1997 г.[2] тие имаат на избор да се нарекуваат „comhairle“ ако решат да гелското име на областа да биде официјално. Досега оваа можност ја има искористено само областа Надворешни Хебриди (гел. Na h-Eileanan Siar).
Обласните единици постојат од 1 април 1996, согласно Законот за локална самоуправа на Шкотска од 1994 г.
Постарите поделбени целини и денес играат улога кај единиците на другите административни органи (опишани подолу).