Австриските таблички се регистарски таблички на возилата регистрирани во Австрија.
Регистарските таблички се направени од метал. На левата страна се наоѓа синото евро-поле како сите членки на ЕУ (постарите регистрирани возила немаат сино евро-поле). На табличката има две двојни црвени ленти горе и долу - боите на Австрија.
Шемата за австриските таблички е следната: XX-број-буква (букви) или XX-персонализирана.
X / XX - код на градот каде што е издадена табличката, главните градови на сојузните држави имаат една буква како код
грб на сојузната држава каде што е издадена табличката
има неколку шеми:
табличките мораат да содржат минимум 3 карактери, т.е. мора да содржи една буква или еден број
од 2000 се смениле шемите на организациите во Австрија. Тие треба да бидат според следнава шема: XX-123-AB. Пример за организации во Виена и нивни таблички:
BB - Сојузни железници (Bundesbahnen)
BE - Погребални претпријатија (Bestattung)
EW - Електродистрибутивни фирми (E-Werk)
FF - Доброволна противпожарна служба (Freiwillige Feuerwehr)
FW - Противпожарна служба (Feuerwehr)
GW - Дистрибутивни фирми за природен гас (Gas Werk)
GT - Транспортни возила (Gütertransport)
KT - Приватни возила за транспорт (Kleintransport)