Баден
историски регион во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Баден (германски: Baden) — историска територија во јужна Германија и северна Швајцарија, од двете страни на Горна Рајна.


Историја
Маркгрофовите на Баден произлегле од династијата Церингени.[1] Баден е наречен по нивниот дом — замокот Хоенбаден во Баден-Баденaden. Првиот велможа со оваа титула бил Херман II кој станал маркгроф во 1112 г. Оттогаш, па сè со 1535 г. постоела обединетата Маркгрофовија Баден, која потоа е поделена на маркгрофовиите Бадеб-Дурлах и Баден-Баден. По катастрофалниот пожар во Баден-Баден од 1689 г. престолнината е преместена во Раштат.
Двата дела се обединиле во 1771 г. под водство на маркгрофот Карлд Фридрих Баденски. Во in 1803 г. обновената маркгрофовија со седиште во Карлсруе е унапредена во изборно кнежевство. Со територијалните придобивки во 1806 г. Изборното Кнежевство Баден станало Големо Војводство Баден.
Големото војводство било држава во склоп на Германскиот Сојуз до 1866 г. и потоа во склоп а Германското Царство сè до 1918 г. кога е наследено од Република Баден во рамките на Вајмарската Република и Третиот Рајх. Од 1945 до 1952 г. Јужен Баден бил окупиран од Франција, а Виртемберг-Баден од САД. Во 1952 г. се соединиле со Виртемберг-Хоенцолерн, образувајќи ја денешната сојузна покраина Баден-Виртемберг.
Географија
Баден е сместен во југозападна Германија, и највеќето поголеми градови лежат во Горнорајнската Низина. Се граничи со Боденското Езеро на југ, реката Рајна на југ и запад, протегајќи се од Линцгау, Лерах и Фрајбург до Карлсруе, потоа Манхајм, па до реките Мајна и Таубер.
На запад е историската област Алзас во Франција, на југ е Швајцарија, на северозапад е областа Пфалц, на север е Хесен, а на североисток се делови од Баварија. Источната граница ја дели со регионот Виртемберг, и истата се протега од Крајхгау низ Шварцвалд, а од некои делови на шумата до Рајна ширината се сведува на 18 км во тесниот дел наречен „Осин струк“ (Wespentaille) кај Гагенау.
Поврзано
- Виртемберг
- Историја на Баден-Виртемберг
- Список на земји во Светото Римско Царство
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.