Авиоимпекс — поранешна македонска авиокомпанија со седиште во Скопје.
Историја
Компанијата била формирана како „Интеримпекс-Авиоимпекс“ во септември 1992 година. Авиокомпанијата го сменила името во Авиоимпекс на 2 ноември 1999. Во септември 2002 година Агенцијата за цивилно воздухопловство ја одзела лиценцата за работа на Авиоимпекс поради финансиски потешкотии.[1][2]
Одредишта
Компанијата организирала летови од Скопје и Охрид, но со главен осврт со летови кон Швајцарија (Цирих).
Флота
Флотата на Авиоимпекс ја сочинувале 11 авиони:
Инцидент
На 20 ноември 1993, Јаковлев Јак-42 (Лет 110) на Авиоимпекс се срушил во билизна на охридскиот аеродром. Авионот се враќал за Скопје од Женева, но бил пренасочен да слета на аеродромот во Охрид поради лошите временски услови на скопскиот аеродром.[4]
При доближување до аеродромот, авионот се удрил во рид во атарот на селото Тројани во непостредна близина до аеродромот. Осумчлениот екипаж и 108 патници го загубиле својот живот. Летот првично го преживеал еден патник кој подоцна подлегнал на повредите на 1 декември.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.