американски кантри-пејач From Wikipedia, the free encyclopedia
Џорџ Харви Стрејт Постариот (англиски: George Harvey Strait Sr; роден на 18 мај 1952 година) ― американски пејач на кантри-музика, текстописец, глумец и музички продуцент. Стрејт е зачетник на неотрадиционалниот кантри-стил во 1980-тите[2] насочен кон корените во време кога во музичката индустрија во Нешвил доминирале кантри-поп музичарите. Поради неговото силно влијание врз кантри-музиката, музичките критичари и автори го именувале Стрејт како „Крал на кантри музиката“.[3][4][5][6]
Џорџ Стрејт | |
---|---|
Џорџ Стрејт на настап во 2014 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Џорџ Харви Стрејт Постариот |
Роден(а) | 18 мај 1952 Потит, Тексас, САД |
Потекло | Пирсол, Тексас, САД[1] |
Жанрови |
|
Период на активност | 1976–present |
Издавачи | MCA (MCA Nashville) |
Мреж. место | georgestrait.com |
Во 2000-тите, Стрејт бил прогласен за уметник на деценијата од страна на Академијата за кантри музика, бил внесен во Куќата на славните на кантри музиката и ја освоил неговата прва Греми награда за албумот Troubadour.
Во 2009 година, тој го соборил рекордот на Конвеј Твити за најмногу хитови на прво место на топ-листата Hot Country Songs од Билборд откако неговите 44 синглови на прво место ги надминале 40-те синглови на Твити. Стрејт имал вкупно 60 песни на прво место (на сите топ-листи заедно).[7] Со „Give It All We Got Tonight “ која се искачила на прво место во 2013 година,[8] го соборил рекордот претходно исто така поставен од Твити. Стрејт го држи рекордот за најмногу песни на прво место на сите топ-листи од изведувач во кој било жанр на музика.“ [3]
Стрејт продал преку 120 милиони плочи ширум светот, што го прави еден од најпродаваните музички изведувачи на сите времиња.[9] Со 33 платинести албуми, тој го држи рекордот на RIAA за најмногу платинести албуми од еден изведувач. Стрејт има и 13 мултиплатинести и 38 златни албуми. Негов најпродаван албум е Pure Country (1992), кој бил продаден во 6 милиони примероци (6× платинест). Негов највисоко сертифициран албум е Strait Out of the Box (1995), кој бил продаден во 2 милиони примероци (8× платинест затоа што е бокс-сет со четири ЦД-а). Според RIAA, Стрејт е на 12-то место на списокот на изведувачи со најмногу продадени албуми во САД со продадени над 69 милиони плочи.[10]
Џорџ Харви Стрејт Постариот е роден на 18 мај 1952 година, во Потит, Тексас.[11]
Детството го поминал во блискиот град Пирсол, во округот Фрио,[11] каде што неговиот татко бил учител по математика во средно училиште и сопственик на 810 хектари ранч за говеда во околината на Биг Велс, Тексас.[11] Семејството работело на ранчот за време на викендите и во лето.[11] Кога бил во четврто одделение, неговите родители се развеле, а мајка му се преселила заедно со сестра му Пени. Џорџ и неговиот брат Џон „Бади“ Џуниор (1950–2009), биле одгледани од нивниот татко. Поголемиот дел од детството, Стрејт го поминал на фарма, заедно со неговиот постар брат Бади и неговиот татко Џон.[12]
Во декември 1971 година, тој се оженил со неговата љубов од училишните денови, Норма Вос.[12] Веднаш потоа се пријавил во Армијата на САД како пешадинец. На 6 октомври 1972 година, додека сѐ уште бил во војска, Џорџ и Норма го добиле нивното прво дете Џенифер.[13] Стрејт бил во војска од 1971 до 1975 година и на крајот го добил чинот каплар.[14]
По неговата воена служба, Стрејт во 1975 година почнал да студира земјоделство на Државниот универзитет во Тексас, а потоа работел како надзорник на ранч.[15]
На Стрејт му била врачена и почесна докторска диплома од Државниот универзитет во Тексас на приватна церемонија на 26 мај 2006 година.[15]
Уште како студент, преку белешка на огласната табла тој станал пејач на групата Ace in the Hole. Групата свирела по клубови и барови низ јужниот и централниот дел на Тексас како: Хантсвил и Хјустон и Сан Антонио и брзо стекнале база на обожаватели. Наскоро, на групата ѝ се пружила шанса да сними неколку синглови за независната издавачка куќа Д рекордс од Хјустон. Сепак, песните не наишле на публика, а Стрејт продолжил да управува со неговиот семеен ранч за дополнителна заработка. Во 1977 година, Стрејт заедно со текстописецот Дарел Штедлер продуцирал неколку демо-ленти, но издавачките куќи не биле заинтересирани да им понудат договор за снимање.
Стрејт се спријателил со Ерв Вулси, кој управувал со еден од баровите во кои свиреле Ace in the Hole и кој претходно работел за големата издавачка куќа MCA Records. Вулси убедил некои негови познаници од Music Row (Нешвил) да дојдат во Тексас и да ги слушнат Стрејт и неговата група. Импресионирани од изведбата, но загрижени дека на музичкиот пазар не можат да го пласираат Western Swing стилот кој го свирела групата, тие заминале без договор.
Стрејт неколкупати отишол во Нешвил за да најде издавачка куќа која ќе му понуди договор за снимање, но тој бил одбиен од сите издавачки куќи во градот. Тој почнал да размислува целосно да се откаже од музиката. Нему му била понудена работа за дизајнирање на кошари за стока и решил да ја прифати. Тој ја известил групата дека ја напушта, но откако разговорал со неговата сопруга, таа го убедила да ѝ даде на музиката уште една последна шанса следната година. Набрзо потоа, големата издавачка куќа MCA потпишала договор за снимање со Стрејт во февруари 1981 година. Прво се договориле за една песна. Ако синглот пројде добро, куќата потоа би размислила да направи албум.
Пролетта 1981 година, Стрејт го издал неговиот прв сингл за MCA Records, под наслов „Unwound“, кој истата година се искачил на шесто место на топ-листата Hot Country Songs и бил вклучен во неговиот прв албум Strait Country.
Неговиот прв албум Strait Country бил снимен со сесиски музичари. Се задржал на кантри топ-листите повеќе од една година. Неговата стара група продолжила да го придружува на турнеите. Следните синглови, исто така, високо котирале на кантри топ-листите. Во 1982 година го имал неговиот прв кантри-хит на прво место, Fool Hearted Memory. Со албумот Right or Wrong за прв пат се пласирал на официјалните поп-топ-листи за албуми во 1984 година, а останал на кантри-листите две години. Со албумот Does Fort Worth Ever Cross Your Mind тој за прв пат стигнал до прво место на топ-листите за кантри-албуми.
Повеќе од три децении Џорџ Стрејт доминирал во кантри-музиката. Од 1981 до 1999 година, сите студиски и албуми во живо и сите поголеми компилации постигнале платинест статус. 25 пати стигнал до прво место на топ-листата за кантри-албуми, а од 1990-тите, исто така редовно се пласирал во топ-10 на официјалните поп-топ листи и пет пати бил на врвот на таа листа. Неговиот четирикратно платинест албум „Strait Out of the Box“ од 1995 година е негово најуспешно издание, продадено во над осум милиони примероци и еден од најпродаваните албуми на сите времиња. Повеќе од 100 пати успеал да се пласира на топ-листата за кантри-синглови, а 44 пати бил на прво место на таа листа. Од 1986 до 1989 година имал единаесет последователни хитови на прво место. На официјалните топ-листи за синглови, на кои традиционалната кантри-музика речиси и не се појавувала во 1980-тите и 1990-тите, тој редовно се пласирал по 2000 година и стигнал до 23-то место (во 2002 година со She'll Leave You with a Smile). Неговиот сингл од 2012 година, Give It All We Got Tonight се продал во милион примероци. Со самото тоа што песната го достигнала првото место на кантри-топ-листите, Стрејт станал прв изведувач со 60 синглови на прво место на топ-листите од Билборд.
Во 1992 година, тој глумел во неговиот сопствен музички игран филм, Чиста земја. Саундтракот бил продаден во над шест милиони копии и е едно од неговите три најуспешни изданија. До 2015 година Стрејт продал над 100 милиони плочи.
Џорџ Стрејт до 2015 година имал објавено 13 мултиплатинести, 22 платинести и единаесет златни албуми во САД. До 2006 година, тој добил 88 од најважните музички награди во САД, вклучително и 16 Билборд награди и Национален медал на уметностите во 2003 година. Во 2006 година бил примен во Куќата на славните на кантри музиката; Во 2009 година, Академијата за кантри музика го прогласила за уметник на деценијата.
На 26 септември 2012 година, Стрејт објавил дека се повлекува од турнеите и дека неговата турнеја Cowboy Rides Away ќе му биде последна. Билетите за турнејата Cowboy Rides Away биле распродадени за неколку часа. Турнејата започнала на 18 јануари 2013 година и била поделена на два дела: 21 концерт во 2013 година и 26 концерти во 2014 година. Турнејата завршила во Арлингтон, Тексас, на 7 јуни 2014 година. Стрејт на турнејата бил поддржан од неговата долгогодишна 11-члена група, Ace in the Hole Band.
Стрејт глумел во неколку филмови. Тој имал мала улога во Војникот (1982) и глумел во Чиста земја (1992). Тој исто така се појавил како самиот себе во Големиот шампион (2002).
година | Наслов | Улога |
---|---|---|
1982 година | Војник | Самиот |
1992 година | Чиста земја | Вајат „Дасти“ Чендлер |
2002 година | Големиот шампион | Самиот |
2003 година | Кралот на ридот | Гласот на Корнел |
2010 година | Чиста земја 2: Подарок | Самиот |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.