Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џордано Бруно (Нол, март 1548 – Рим, 17 февруари 1600) бил италијански филозоф, типичен претставник на антисхоластичката ренесанса на филозофијата.
Џордано Бруно ги негирал христијанските догми, сметал дека филозофијата и теологијата се неспоиви и многу се спротивставувал на христијанското сфаќање на Господ како личност. Создал пантеистичка теорија според која сѐ се состои од вечното движење. Во науката за вселената го отфрлил учењето на Аристотел и на Птоломеј и ја прифатил науката на Коперник. Поради своите слободарски идеи се нашол под удар на инквизицијата која, по седум годишна истрага, на плоштадот Кампо деи Фиори во Рим го спалиле. Учел античка, арапска и сколастичка филозофија. Подучувал дека вселената е бескрајна и дека постојат многу светови. Поради ваквото учење тој бил уапсен и седум години бил измачуван со цел да го промени своето мислење и учење но безуспешно, тој останал доследен на своите учења.
Оваа биографска статија за личност од Италија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.