![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/26/John_Hicks_1972.jpg/640px-John_Hicks_1972.jpg&w=640&q=50)
Џон Хикс
британски економист / From Wikipedia, the free encyclopedia
Сер Џон Ричард Хикс (англиски: John Richard Hicks; 8 април 1904 — 20 мај 1989 ) — англиски економист и еден од најважните и највлијателните економисти на XX век. Најпознато од неговите придонеси на полето на економијата биле неговите тведења за теоријата на потрошувашка во микроекономијата и моделот IS-LM (1937), кои накратко го прикажуваат кејнзијанскиот поглед на макроекономијата. Неговата книга Вредност и капитал (1939) значително ја проширила теоријата за општата рамнотежа и теоријата на вредноста. Опсежната функција на побарувачката е именувана Хиксова функција на побарувачката во негова чест.
Неокејнзијанска економија | |
---|---|
![]() Џон Хикс | |
Роден | 8 април 1904(1904-04-08) Ворик, Англија |
Починал | 20 мај 1989(1989-05-20) (возр. 85) Блокли, Англија |
Националност | Британец |
Установа | Лондонска школа за економија Манчестерски универзитет Нуфилд колеџ (Оксфорд) |
Алма матер | Балиол колеџ (Оксфорд) |
Влијанија од | Фридрих Хајек, Лајонел Робинс, Џон Мајнард Кејнс |
Придонеси | модел IS-LM теорија на капитал, теорија на потрошувачка, теорија за општа рамнотежа, теорија за благосостојба, присилна иновација |
Награди | Нобелова награда за економија (1972) |
Информации на IDEAS/RePEc |
Во 1972 година ја добил Нобеловата награда за економија (заедно со Кенет Ароу) за неговите пионерски придонеси кон теоријата за општа рамнотежа и теоријата за благосостојба.[1]