англиски сликар From Wikipedia, the free encyclopedia
Џон Вилијам Годвард (англиски: John William Godward, 9 август 1861 – 13 декември 1922 ) — англиски сликар од крајот на неокласичниот период. Бил штитеник на истакнатиот уметник Лоренс Алма-Тадема, но неговиот стил излегол од мода со подемот на модерната уметност.
Џон Вилијам Годвард John William Godward | |
---|---|
Претпоставен автопортрет како дел од сликата „Чекајќи одговор“ (1889) | |
Роден(а) | 9 август 1861 Вимблдон, Лондон, Англија |
Починал(а) | 13 декември 1922 61) Лондон, Англија | (возр.
Почивалиште | Бромптонски гробишта |
Националност | Англичанец |
Познат(а) по | сликарство, цртање |
Правец | неокласицизам, академизам |
Покровители | Лоренс Алма-Тадема |
Годвард е роден во 1861 г. во семејството на осигурителниот чиновник Џон Годвард и сопругата Сара Еборал. Живеел во Вимблдон, Лондон.[1](стр.17–19) Како најстар од пет деца и крстен по татко му и дедо му во црквата „Св. Марија“ во Батерси на 17 октомври 1861 г. Заповедничкиот и наметлив однос на неговите родители предизвикал повлеченост кај него во возрасниот живот.[1](стр.22)
Од 1887 г. почнал да изложува во Кралската ликовна академија.[2] Кога во 1912 г. се преселил во Италија со една од девојките-модели, семејството прекинало секаков контакт со него, па дури и го исекле од семејните фотографии.[1](стр.122) Се вратил во Англија во 1921 г. и починал наредната година. Погребан е на Бромптонските гробишта во западен Лондон.[2]
Едно од најпознатите негови дела е „Слатко безделие“ (Dolce far Niente, 1904), набавено од британскиот композитор и импресарио Ендрју Лојд Вебер во 1995 г. за сопствената збирка. Како и кај разни други слики, Годвард насликал повеќе од една верзија; во овој случај сликата има претходна (помалку позната) верзија од 1897 и следна од 1906 г.[3]
На возраст од 61 година извршил самоубиство, а во белешката пред чинот напишал „на светов нема доволно место за мене и Пикасо“.[4]
Неговото отуѓено семејство, кое не се сложувало Годвард да стане уметник, се чувствувало засрамено од самоубиството и ја запалило сета негова хартиена своина. Се смета дека денес преостанува само една фотографија од него.[5]
Годвард бил викторијански неокласичар, што во теорија значи дека бил следбеник на Фредерик Лејтон. Меѓутоа, тој бил стилски поблизок на Лоренс Алма-Тадема, со кој ја делел склоноста кон класичната архитектура — особено љубовта кон мермерот и пределите во заден план.
Во речиси сите негови дела се претставени жени облечени во антички стил со предели во позадината, иако некои од нив се насликани полуголи или наполно голи (акти). Познат пример е „Во тепидариумот“ (1913), насловена исто како контроверзната слика на Алма-Тадема и сместена во ликовната галерија „Леди Левер“. Насловите се одраз на Годвардовиот извор на инспирција: антиката, и особено Стариот Рим, која ја делел со Алма-Тадема.
Имајќи предвид дека познавањето на класичната антика било позастапено меѓу неговата публика во тоа време отколку што е денес, уметникот морал да темелно да ги истражи сите детаљи за да се стекне со потребниот углед меѓу уметниците од неговиот жанр. Алма-Тадема покрај сликарството се занимавал и со археологија, посетувајќи историски места и собирајќи артефакти кои потоа ги користел во сликите: Годвард исто така ги проучувал архитектонските елементи и античката облека за да ја осигура историската верност во неговите дела.
Покрај тоа, Годвард макотрпно и грижливо ги претставувал сите елементи во неговите слики како животински крзна (на пр. во сликите „Пладневна починка“ (1910) и „Ладовина“ (1910) и полски цвеќиња (на пр. во „Нериса“ (1906) и „Летни цвеќиња“ (1903).
Убавиците кои позираат во многу од неговите слики на многумина неупатени им даваат погрешна претстава дека се работи за предрафаелитски уметник, особено поради неговата палета на живи бои. Меѓутоа, изборот на тематика (антиката наспроти артуровските легенди) упатува повеќе кон викторијански неокласицизам. Заедно со многу негови современици, Годвард бил „високовикторијански мечтател“ кој милувал да слик еден идеализиран и романтизиран свет.
Годвард набргу се прочул поради неговото мајсторство во доловување на чувствителноста, различните површини, телата, мермерот и ткаенините.[1](стр.91) Изборот на тематиката е производ на времето во кое се родил — последниот бран на неокласична уметност во Англија се јавил во 1860-тите и цутел следните три десетлетија.[6]
Ова е нецелосен список на делата на Годвард.
|
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.