From Wikipedia, the free encyclopedia
Џими Донал „Џимбо“ Велс (англиски: Jimmy Donal „Jimbo“ Wales, роден на 7 август 1966) е основач и претседател на Фондацијата Викимедија, непрофитабилна корпорација која раководи со Википедија и неколку други Вики проекти. Велс е исто така основач на профитабилната компанија Викија (Wikia), неповрзана со Википедија.
Џими Велс | |
---|---|
Jimmy Wales | |
Велс во јануари 2011 г. | |
Роден(а) | Џими Донал Велс 7 август 1966 Хатсвил, Алабама, САД |
Живеалиште | Лондон, Англија[1] |
Други имиња | Џимбо |
Алма матер | Оберн Алабама Индијана - „Блумингтон“ |
Занимање | интернет-претприемач, порано берзански трговец |
Звање | Претседател на Викија (2004–) Претседател на Фондацијата Викимедија (2003–2006) Почесен претседател на Фондацијата Викимедија (2006–) |
Наследник | Флоранс Девуар |
Во одбор на | Фондација Викимедија Криејтив комонс Socialtext Фондација Санлајт (совет. одбор) Центар за колективна интелигенција при МИТ (совет. одбор) CiviliNation |
Награди | многу |
Страница jimmywales.com |
Велс е роден во Хантсвил, во сојузната држава Алабама. Неговиот татко, кој денеска е пензионер, бил раководител на пилјарница додека Велс растел. Мајката на Велс Дорис и бабата Ирма воделе мало приватно училиште, „во традиција еднособни училишни институции“, каде што Велс го стекнал своето прво образование. Во неговиот клас најголемиот дел од времето имало само четири деца, па затоа често биле заедно во прво, второ, трето, четврто, петто, шесто, седмо и осмо одделение. Статија на магазинот Тајмс од мај 2005 година неточно известила дека Велс се образовал во својата куќа[2]. Поточно кажано, тоа не е точно, но Велс назначил дека неговото образование било „во некоја рака слично на тоа“, затоа што неговата мајка и неговата баба биле неговите главни наставници. Ученици имале голема слобода да го учат тоа што го сакаат. Велс потрошил многу сати од своето време размислувајќи за Светската енциклопедија. Откако завршил осмо одделение, Велс отишол во Рандолфевото школо, предфакултетско школо, која рано ја прифатила компјутерската лабораторија и другите технологии за користење од страна на студентите. Оваа школа била скапа за семејството на Велс, затоа што имале малку материјални приходи, но Велс кажал дека образованието за неговото семејство било прилично важно: „Кон образованието секогаш се пристапувало страствено во мојата куќа... знаете, многу традиционално се приоѓало кон знаењето и учењето и воспоставувањето кон тоа како основа на идниот живот“. Во 1996 година, Велс основал портал за пребарување наречен „Бумис“, кој продавал слаби порнографски фотографии до средината на 2005 година. Поради својата ситуација со Бумис, Велс во септември 2005 година во интервјуто за C-SPAN бил прашан во врска со неговата вмешаност со тоа што интервјуистот, Брајан Лемб, ги нарекол „валкани слики“. Како одговор, Велс Бумис го опишал како „машкоориентиран пребарувач“[3]. Во интервјутоза магазинто Вајерд, исто така објаснил дека не го поддржува карактеризирањето на Бумис како „содржина на послаба порнографија“. Во март 2000 година, почнал проектот за проверување на енциклопедијата за слободна содржина, Нупедија („Нупедија, слободна енциклопедија“), и го вработил Лери Сенгер да му биде главен уредник. Додека Велс управувал со него, Бумис донирал повеќе од 100.000 долари на Нупедија и Википедија, и продолжил да ги поддржува до 2000 година.
Користењето на Викијата за создавање енцисклопедиска содржина прв ја предложил Лери Сенгер 10 јануари 2001. Велс ја поставил вики и со работа се започнало на 15 јануари 2001. Тогаш Википедија била мрежно место врз основа на Викија замислен за соработка на првобитна енциклопедиска содржина пред да ја пушти Нупедија на проверка. Екстремно брзиот раст на Википедија за брзо од неа направи доминантен проект и Нупедија е напуштена. Велс понекогаш во печатот се прикажува како исклучиво единствениот основач на Википедија, вклучувајќи и статија на списанието „Нјузвик“ од 2004 година. Сенгер жестоко се спротивставил на ова, сметајќи се себеси како основач заедно со Велс и критикувајќи ги извештаите кои говореле поинаку. Сепак, Сенгер исто така изјваил: „Да бидеме начисто, идејата за енциклопедијата која би била слободен извор и на која би се соработувало и која би била слободна за придонесите на обичните луѓе била во потполност на Џими, а не моја, а во потполност ја потпомогнал Бумис. (...) Всушност, развојот на таа енциклопедија била задача која тој ми ја доверил.“[4] Подоцна Сенгер го напуштил проектот, оставајќи одлука за повекувањето на својата корисничка страница на англиската Википедија. Од тогаш го критикувал пристапот на Велс кон проектот[5]. Во средината на 2003 година, Велс ја воспоставил Фондацијата Викимедија, со седиште во Флорида, непрофитабилна организација за поддршка на Википедија и нејзините млади братски проекти. Вклучил два свои пријатели кои не се википедијанци во петочлениот совет; останатите два се избрани од страна на заедницата. Од тогаш, Велс почнал да работи на промовирање на проектите и почнал да држи говори за работата на Фондацијата. Многу патувал низ светот, и уште патува, на конференции и состанци на Фондацијата (како што се „Викисредби“ и Викиманија). Често на нив е повикуван да биде говорник. Во 2004 година, Велс го цитирале дека кажал како потрошил 500.000 американски долари на воспоставувањето и работата на Вики проектите. Можеби инспириран со успехот на Википедија, Велс ја основал профитабилната организација Викија (неповрзана со Википедија), која одржува разни Викија, меѓу кој е и проектот Викиградови.
Велс бил страствен следбеник на објективизмот, филозофски систем која ја развил Ајн Ранд. Од 1992 до 1996 година водел електронска мејлинг листа „умерена дискусија за објективизмот“.
Денес Велс живее во Лондон, Англија, откако во 2012 г. се преженил со Кејт Гарви. Патувал во многу земји, Обединето Кралство, Белгија, Франција, Србија и други. Затворен е кога се работи за неговиот приватен живот, и неговите интереси и хобија надвор од Википедија и Фондацијата Викимедија воглавно се непознати на јавноста.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.