Џејмстаун (Света Елена)
главен град на Света Елена / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џејмстаун (англиски: Jamestown) — главен град на британската прекуморска територија Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња, сместен на островот Света Елена во јужниот Атлантски Океан. Ова е историска населба на северозападниот брег на островот. Пред изградбата на пристаништето во Рупертовиот Залив, ова било единственото пристаниште на Света Елена и негова патна клучка. Основан е од колонисти од Англиската источноиндиска компанија кои го населиле во 1659 г. и за кратко бил под окупација на Холандската источноиндиска компанија во 1673 г. пред повторно да биде заземен од Британците. Многу од градбите изградени од компанијата во XVIII век постанале во непроменет изглед, и затоа градот има особен џорџијански изглед.
Џејмстаун Jamestown | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
Џејмстаун во рамките на Света Елена | ||||||
Држава | Обединето Кралство | |||||
Прекуморска територија | Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња | |||||
Остров | Света Елена | |||||
Статус | град (1859);[1] округ | |||||
Населен | 1659 | |||||
Основач | Англиска источноиндиска компанија | |||||
Наречено по | Јаков, Војвода од Јорк | |||||
Седиште на | Света Елена; Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња | |||||
Површина | ||||||
• Градска | 3,6 км2 (14 ми2) | |||||
Население (2016) | ||||||
• Градско | 629 | |||||
• Густина | 198,3/км2 (5,140/ми2) | |||||
• Градскo | 1,614 (Џејмстаун и Халф Три Холоу) | |||||
Час. појас | GMT (UTC+0) | |||||
Повик. бр. | +290 2xxx |
Во градот кратко време престојувал Наполеон во 1815 г. за време на неговото прогонство на Света Елена (подоцна преместен во Лонгвуд), а подоцна служела како база за Британската воена морнарица во напорите да ѝ стави крај на трговијата со робови.