From Wikipedia, the free encyclopedia
Џовани (Џан) Лоренцо Бернини (италијански: Giovanni Lorenzo Bernini; 7 декември 1598 – 28 ноември 1680 ) — истакнат италијански барокен вајар, архитект, сликар, писател, режисер и приредувач на јавни свечености.
Џан Лоренцо Бернини Gian Lorenzo Bernini | |
---|---|
Автопортрет на Бернини од ~1623 г. | |
Роден(а) | Џан Лоренцо Бернини 7 декември 1598 Неапол, Кралство Неапол, Италија |
Починал(а) | 28 ноември 1680 81) Рим, Папска Држава, Италија | (возр.
Националност | Италијанец |
Познат(а) по | вајарство, сликарство, архитектура |
Значајни дела | „Давид“, „Аполон и Дафина“, „Грабнувањето на Прозерпина, „Екстазата на света Тереза“ |
Правец | барок |
Бернини е роден во Неапол во семејството на способниот маниристички вајар Пјетро Бернини, родум од Фиренца. На седум-годишна возраст Џан Лоренцо го придружувал татка си во Рим, каде тој работел на неколку значајни проекти.[1] Таму сликарот Анибале Карачи и папата Павле V ја приметиле умешноста на момчето, па така Бернини се стекнал со ексклузивното покровителство на кардиналот Шипионе Боргезе внук на Папата. Неговите први дела биле инспирирани од старогрчката скулптура.
Под покровителство на кардиналот Боргезе младиот Бернини набргу се истакнал како вајар. Меѓу првите дела за кардиналот биле украсните градинарски статуи „Козата Амалтеја со малиот Зевс и фаун“ и неколку алегорични бисти како „Проколната душа“ и „Благословена душа“. На 22 годишна ворзаст ја завршил бистата на папата Павле V. Збирката на кардиналот во Боргеската галерија ги забележува неговите световни скулптури, со низа ремек-дела:
Берниниевите скулптурни дела се многубројни и разнолики. Меѓу другите негови позначајни скулптури се: „Екстазата на Св. Тереза“, во Корнаровската капела, Санта Марија дела Виторија, и денес скриениот Константин, при основата на скалиштето Скала Реџија (која е исто така негово дело). Помогнал и во изработката на Ангелскиот мост (Ponte Sant'Angelo), со тоа што ги извајал двата ангела, кои набргу ги заменил со нивни копии повторно извајани од него, додека другите биле изработени од ученици врз основа на негови цртежи.
На крајот на април 1665, на врвот на својата слава и моќ, Бернини патува во Париз, каде останува до ноември. Неговата меѓународна популарност била толкава што кога правел прошетки низ градот, улиците биле наредени со обожаватели.
Ова патување, поттикнато од отецот Олица, генерал на Језуитите, било одговор на постојаните барања на неговите дела од страна на кралот Луј XIV. Тука Бернини претставил некои (на крај отфрлени) нацрти за источната предница на Лувр; неговите авантуристички конкавно-конвексни фасади биле отфрлени во полза построгите класични предлози на локалецот Клод Перо. Бернини набргу го изгубил покровителството на францускиот двор, бидејќи ја величел италијанската уметност и архитектура за сметка на француската; тој имал изречено дека една слика од Гвидо Рени вредела повеќе од цел Париз. Единственото негово дела од времето во Париз е биста на Луј XIV, која го поставила стандардот за кралска портретура во следните сто години.
Во архитектонските дела на бернини се вбројуваат пјацата и колонадите на базиликата Св. Петар. Испланирал неколку палати во Рим: Палацо Барберини (од 1630 накоја работел заедно со Боромини); Палацо Лудовиси (денес Палацо Монтечиторио); и Палацо Киџи.
Првиот архитектонски проект на Бернини бил величествениот бронзен Свети Петров балдахин (1624-1633), канабето над високиот олтар на базиликата Св. Петар и фасадата за црквата Св. Бибијана (1624). Во 1629, пред завршувањето на балдахинот, папата Урбан VIII го назначил за главен на сите тековни работи на црквата Св. Петар. Му бил порачан и гробот на овој Барберински папа во рамките на базиликата. Меѓутоа, од политички причини и заради грешни пресметки при проектирањето на камбанариите на Св. Петар, Бернини of favor during the Памфилскиот папа Инокент X. Но Бернини никогаш не останал без покровителство, па повторно зазел главна улога во украсувањето на Св. Петар за време на папата Александар VII Киги, кога ја проектирал колонадата и плоштадот пред базиликата. Влезот во Ватикан од скалиштето Скала Реџија и столот на Св. Петар во апсидата на базиликата исто така се вбројуваат меѓу неговите ремек-дела.
Бернини не изградил многу цркви од темел, туку претпочитал да се концентрира на разубавувањето на постоечки градби. Исполнил три нарачки на ова поле; неговото реноме му дозволувало да ја проектира градбата и да ја украси внатрешноста со кохерентни замисли. Најпознат пример е малата овална барокна црква Св. Андреј на Квиринал во која се наоѓа статуа на Св. Апостол Андреј извишувајќи се високо над едикулот кој го обиколува високиот олтар. Бернини ја проектирал и црквата во Кастелгандолфо (Сан Томазо да Виланова) и Аричија (Санта Марија Асунта).
Бернини бил најмен и од Луј XIV за изградба на колонадата на Лувр во Париз, но подоцна бил откажан во полза на францускиот архитект Клод Перо, означувајќи го опадот на влијанието на италијанската уметност во Франција. Меѓутоа финалниот проект на Перо во себе содржел идеја од Бернини - рамен покрив зад Паладијанска балустрада.
Доследно на декоративната инамичност на барокот, римските фонтани, делумно јавни дела, а делумно папски споменици, се едни од неговите најталентирани дела. Фонтаните на Бернини се Тритоновата фонтана и Фонтаната на плечите. Фонтаната на четирите реки на Пјаца Навона е ремек-дело на спектакл и политичка алегорија.
Бернини исто така извршил револуција на мермерните бисти, давајќи ѝ раскошна динамичност на дотогашната каменестата статичност на овој тип на портретура. Ова тој го демонстрирал почнувајќи со непосредната поза на наваленост вон рамките, кај бистата на Монсињор Педро Де Фоа Монтоја во Санта Марија ди Монсерато, Рим. Друштвениот кардинал Скиупионе Боргезе пак, на неговата биста е замрзнат во поза на разговор. Портретот на неговата наводна љубовница, Костанца Буонарели, не прикажува божественост или кралственост, туку жена во миг на disheveled приватност, доловена во момент на разговор или изненадување.
Во вајаната портретура за моќниците пак, Бернини изработувал развеани одежди и каскади од коса од типот на портретот на Луј XIV, кој може да воздигне било кој лик до степен на кралство. Од слична бујност е и бистата на Франческо I д'Есте.
Друга скулптура на Бернини е позната меѓу римјаните како „Пилето на бернини“. Се наоѓа на Пјаца дела Минерва, пред црквата Св. Марија над Минерва. Папата Александар VII побарал на тоа место да се стави староегипетски обелиск и му порачал на Бернини да направи скулптура како потпорна основа. Скулптурата во облик наслон била направена во 1667 од страна на еден негов ученик, Ерколе Ферата. Најинстересната одлика на слонот е неговата насмевка. За да дознае зошто се смее, посетителот треба да се сврти од задната страна на животното каде ќе види дека мускулите му се стегнати и опашката му е преместена лево. Прикажан на овој начин, слонот на Бернини врши нужда. Задникот на животното е свртен директно кон канцелариите на отецот Доменико Паљиа, доминиканскиот фратер кој бил еден од најголемите антагонисти на Бернини и неговите пријатели-уметници, како последен поздрав и последен збор.
Со смртта на неговиот постојан покровител, папата Урбан VIII во 1644 кариерата на Бернини се сменила со доаѓањето на орда од негови соперници. Но папата Инокентиј X го вратил на работа на продолжената нава на Св. Петар и ја порачал Фонтаната на четирите реки во Пјаца Навона. Во времето на смртта на Инокентиј во 1655, Бернини бил арбитар на јавниот вкус во Рим. Починал во тој град во 1680, а бил закопан во базиликата „Голема Богородица“. Меѓу многуте кои работеле под негов надзор се Лујџи Бернини, Стефано Сперанца, Џулијано Финели, Андреа Болги, Филипо Пароди, Џакомо Антонио Фанчели, Лацаро Морели, Франческо Брата и Франсоа Дукесној. Меѓу неговите соперници во архитектурата бил и Франческо Боромини, а пак во скулптурата - Алесандро Алгарди.
Две години по неговата смрт, шведската кралица Кристина, која тогаш живеела во Рим, порачала од Филипо Балдинучи да напише негова биографија, кој ја насловил како „Животот на Бернини“.
„Џан Лоренцо Бернини“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.