Љуљајљако
From Wikipedia, the free encyclopedia
Љуљаjљако (шпански:Llullaillaco: [ʎuʎajˈʎako]) е активен стратовулкан на границата меѓу Аргентина (провинција Салта) и Чиле (Регион Антофагаста). Вулканот се наоѓа во Пуна де Атакама, висорамнина со високи вулкански врвови блиску до пустината Атакама, едно од најсушните места во светот.
Љуљајљако | |
---|---|
Љуљајљако од источната страна | |
Највисока точка | |
Заведена како | Ултра |
Координати | 24°43′00″S 68°32′00″W [1] |
Географија | |
Место | Чиле и Аргентина |
Матичен венец | Анди, Пуна де Атакама |
Геологија | |
Старост на карпата | Плеистоцен |
Вид | Стратовулкан |
Последен избув | Мај 1877 |
Искачување | |
Прво освојување | 1950, претходно искачен од Инките |
Вулканот има апсолутна висина од 6739 м[2], и релативна висина од речиси 2,5 км. На врвот има постојан снег. Последната експлозивна ерупција се случила во 1877 година.[3] Љуљаjљако е највисокиот активен вулкан на планетата,[2][4][5] втор највисок вулкан во светот по Ојос дел Саладо[6] и седми по височина врв на западната полутопка. Снежната линија (ланец) на западната падина надминува 6500 м (снежна линија на највисока надморска висина Земјата).
Љуљаjљако се формирал во текот на две различни фази во плеистоценот - холоценот од тековите на дацитната лава. Најстарите карпи датираат од пред околу 1,5 милиони години. Пред околу 150.000 години, југоисточниот дел од вулканот се срушило, по што се создала лавина од земја која се протега до 25 км од вулканот. Најмладите карпи потекнуваат од ерупција од пред 5.600 ± 250 години во регионот на врвот, но има извештаи за активност од 19 век.[7]
Првото регистрирано искачување на планината било во 1950 година, но на планината и во нејзиното подножје пронајдени се траги од претходни искачувања и има голем број археолошки наоѓалишта; На Љуљаjљако се наоѓа највисокиот археолошки локалитет во светот. Во 1999 година, на врвот биле пронајдени мумифицирани остатоци од три деца, познати како Децата од Љуљаjљако, (момче и девојче од 5-7 години и девојче од 13-15 години), за кои се претпоставува дека биле пред жртвувани 500 години.[2]