From Wikipedia, the free encyclopedia
Љубљаница (словенечки: Ljubljanica) — река во Словенија која тече низ главниот град Љубљана. Се издига на југ сè до населеното место Врхника и се влева во реката Сава околу 10 км низводно од Љубљана. Нејзината најголема притока е каналот Мали Грабен.[3] Вклучувајќи го нејзиниот извор блиску до Мала Љубљаница словенечки: Mala Ljubljanica, реката е во должина од 41 км.[1] Малата Љубљаница се приклучува кон Голема Љубљаница (словенечки: Velika Ljubljanica) после 1,300 м и реката го продолжува својот тек како Љубљаница.
Љубљаница | |
---|---|
Љубљаница во Љубљана | |
Местоположба | |
Држава | Словенија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Ретовје45°57′5″N 14°17′41″E, Љубија45°57′11″N 14°18′0″E, Бистра |
• координати | 45°56′51″N 14°20′3″E |
• надм. вис. | 300 м [1] |
Устие | |
• место | Подград |
• координати | 46°4′11″N 14°38′20″E |
• надм. вис. | 260 м [1] |
Должина | 41 км (вклучувајќи ја Мала Љубљаница) [1] |
Големина на сливот | 1,860 км2[2] |
Проток | |
• просечен | 25 м3/с (кај изворот близу Врхника), 55 м3/с (кај истекот во Мосте) |
Особености на сливот | |
Течение | Сава→ Дунав→ Црно Море |
Љубљаница претставува продолжение на неколку карстни реки што течат од Президско Поле со Врхника на површината и под земја во пештери, па на реката поетски ѝ се даваат шест имиња: Трбуховица, Обрх, Стржен, Рак, Пивка, Уница и Љубљаница.
Љуљбаница е популарно археолошко наоѓалиште како за археолозите, така и за дивите копачи кои нуркаат во неа во потрега на изгубени наоди од дамнешни времиња. Во текот на реката помеѓу Љубљана и Врхника изобилува со наоди од каменото време до ренесансата, кои припаѓаат на различни групи, од древни месни култури, па сè до попознатите како Старите Римјани и Келтите.[4] Еден од позначајните наоди е врв на копје од тиса, пронајден во 2009 година во Сиња Горица. Датирано е од околу 35.000 до 45.000 пред сегашниот, селетски период, и ги надополнува скудните податоци за присуството на ловци од камено доба во областа на Љубљанското Блато.[5]
Сè уште е спорна причината зошто старите народи ставале предмети во реката, но највеќето историчари се повикуваат на месните преданија кои од памтивек ја сметаат реката за света. Овие предмети веројатно биле дарови за реката при важни настани или обреди, за заблагодарување или за барање помош од неа.
Како таква реката Љуљбаница станала мошне популарна кај копачите по богатства. Се смета дека досега од реката се извадени 10.000-13.000 предмети со кои јавноста е сосем незапознаена. Многу вакви предмети се продадени на приватни лица, или пак се скриени кај трагачите. Како мерка, словенечкото Собрание во 2003 година ја изгласала реката за национално богатство и го забранила нуркањето без дозвола.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.