род растенија From Wikipedia, the free encyclopedia
Љубичица (Viola) е род од истоимената фамилија Violaceae. Опфаќа околу 525 и 600 видови,[1][2] кои главно се распопедени во северните умерени области на Земјата (северната Земјина полултопка). Могже да се најде и на оддалечени места, како што се Хаваи, Австралија и Андите во Јужна Америка. Љубичиците се повеќегодишни зелјести билки, со цветови со интересна градба и боја, поради што многу видови се одгледуваат како украсни. Името на родот укажува на тоа дека најчеста боја на листовите на цветот е виолетова.
Љубичица | |
---|---|
Viola reichenbachiana | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Нерангирано: | Angiosperms |
Нерангирано: | Eudicots |
Нерангирано: | Rosids |
Ред: | Malpighiales |
Семејство: | Violaceae |
Потсемејство: | Violoideae |
Племе: | Violeae |
Род: | Viola L. |
Видовите на љубичиците обично имаат лисја во форма на срце, а постојат и видови со сложени, или со лисја со друга форма. Повеќе видови на љубичици се зелјести билки. Лисјето се наизменични.
Цветовите се зигоморфни. Чашките се петолисни, по цветањето не паѓаат. Нивните лисја се издолжено зашилени. Двата долни лисја се подолги од останатите. Круната е со пет слободни лисја. Врвовите на лисјата се нешто поголеми од средните со иста боја, но, нешто потемни без влакненца во основата. Средните ги покриваат врвовите и при долниот дел имаат влакненца. Долниот дел обично е со друга боја од останатите. Има пет прашници, толчник синкарпан од три ливчиња.
Цветањето на љубичицата најчесто е во пролет и привлекува многу инсекти, главно мравки. Боите на цветовите се разликуваат од виолетова, до разни нијанси на сини, жолти, а ги има и во бела боја.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.