велосипедска трка во Хамбург From Wikipedia, the free encyclopedia
Јуроајс Класик (порано ХЕВ Класик и Ватенфал Класик) — годишна еднодневна професионална и аматерска велосипедска трка во и околу Хамбург. Иако рутата на трката се менува, сепак секогаш нејзината должина е околу 250 километри. Во текот на трката најтешко искачување претставува ридот Вазеберг во Бланкенезе, кој се искачува неколкупати пред крајот на трката.[1]
Лого на трката | |
Датум | средина/крај на август |
---|---|
Регион | Хамбург, Германија |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Еднодневна трка |
Организатор | Упсолут Спортс АГ |
Директор на трката | Ерик Цабел |
Прво одржување | 1996 |
Одржувања | 24 (до 2019) |
Прв победник | Росано Брази (ИТА) |
Најмногу победи | Елија Вивијани (ИТА) (3 победи) |
Неодамнешен победник | Елија Вивијани (ИТА) |
Трката претставувала единствен настан одржуван во Германија вклучен во календарот на Светската турнеја. Се организира од Упсолут Спортс АГ, германска подружница на француската медиумска групација „Лажардер“ (Lagardère), која исто така го организира годишниот Велотон Берлин.
Важен дел од Класикот се трките Једерман (Jedermannrennen), аматерски настан, кој се одржува на истиот ден и на истата рута како професионална трка. Секој (jedermann) може да учествува на овие трки во должина од 55 км, 100 км и 155 км.[2] Меѓутоа, бројот на учесниците е ограничен на 22.000 аматери и картата мора да биде резервирана со месеци однапред.[3]
Трката била создадена во 1996 година со категорија 1.5, најниска класификација во професионалните трки. Првото издание било и најкратко во историјата, само 160 километри, освоено од Италијанецот Росано Брази.[4] Хамбуршкото електростопанство (ХЕВ) бил главен спонзор на трката. Во 1997 година, Јан Улрих го освоил второто издание помеѓу бројните обожаватели, две недели по освојувањето на Тур де Франс и трката набрзина стекнала углед.[5]
Со растот на популарноста на велосипедизмот во Германија во 1990-тите години, трката станала дел од Светскиот друмски куп во 1998 година, десетте најпрестижни еднодневни трки во велосипедизмот. Го заменила Винкантонскиот класик, единствениот британски велосипедски класик, како седма трка во Светскиот куп.[6] Холанѓанецот Леон ван Бон го претекнал Микеле Бартоли за победа на третото издание; растојанието се зголемило на 253 километри.
Ерик Цабел бил вториот германски победник на ХЕВ Класик во 2001 година.[7][8] Во 2002 година, белгискиот специјалист за класици Јохан Музеув ја освоил единаесеттата и последна трка во Светскиот куп, водејќи во спринт од група на десеторица.[9]
Во 2002 година, спонзорот на трката HEW биле преземен од шведскиот конгломерат за електрична енергија Ватенфал и бил преименуван како „Ватенфал Европа Хамбург“. Ватенфал, шведски за „водопад“, станал новиот спонзор на трката во 2006 година. Во 2005 година, трката била вклучена во воведното издание на ProTour UCI, наследник на Светскиот друмски куп. По исчезнувањето на Трката околу Германија во 2009 година, останала единствена германска трка во највисокото ниво на светскиот велосипедизам.[10] Од 2011 година претставува една од 24. трки на Светската турнеја. Во 2012 година, UCI ја продолжила лиценцата на трката до 2016 година.[11]
Поради нејзиниот главно рамен терен, патеката е сметана за трка на спринтерите и завршувала во масовни спринтови од 2004 година. Некои од најдобрите спринтери во нивната генерација, вклучувајќи ги Роби Мекјуан, Оскар Фреир, Александер Кристоф и Андре Грајпел, се меѓу победниците на трката. Американскиот спринтер Тајлер Фарар, победник во 2009 и 2010 година, е единствениот возач кој ја освоил трката двапати.[12]
Трката во 2013 година била обележана со низа протести неповрзани со трката. Жителите на Хамбург биле вознемирени од политиката на заштита на околината на Ватенфал и неговите обиди да ја добие сопственоста на локалната електрична мрежа.[13] Во 2015 година било објавено дека Ватенфал нема да го продолжи партнерството со трката, приморувајќи ги организаторите да бараат нов спонзор за обезбедување на проценетите 800.000 евра, третина од буџетот на трката.[14] Поради тоа, трката ќе биде преименувана во 2016 година.
Во 2015 година било објавено дека Ватенфал нема да го продолжи партнерството со Хамбург Класик, принудувајќи ги организаторите да најдат нов спонзор кој ќе обезбеди околу 800.000 евра, третина од буџетот на трката.[14] Од 2016 година, Јуроајс, големо германско претпријатие за ласерско лекување на очи, е новиот спонзор.[15] Австралискиот спринтер Кејлеб Јуан ја освоил трката откога првичниот победник, Насер Буани, бил отстранет.[16]
Трката вообичано започнува на улицата Штајнштрасе во Хамбург-Алтштат и завршува на Менкебергштрасе, најважната шопинг улица во Хамбург. Растојание се движе од 225 до 255 километри на претежно рамен терен. Рутата на трката претрпува одредени промени секоја година, но завршницата останала иста.
Најзначајно искачување на патеката е ридот Вазеберг во Бланкенезе, четврт на Алтона, западно од центарот на Хамбург. Завршницата на трката се состои од три помали кругови западно од Хамбург, вклучувајќи го Вазеберг. Првпат се искачува на 69 километри пред целта, додека второто и третото искачување се на 28 и на 15,5 километри, соодветно.[17]
Вазеберг е стрмно асфалтирано искачување кое се издигнува од северниот брег на реката Елба во центарот на Бланкенезе. Неговата должина е 700 метри со максимален наклон од 16%. Особено е предизвикувачки што веднаш по искачувањето следи остра кривина, предизвикувајќи нагла промена на брзина и каденца. Повеќето екипи се обидуваат да ги истуркаат нивните водачи напред во групата, така што фуриозно водат на тесните патишта до подножјето на искачувањето.[18] Рутата исто така го вклучува Келбрандскиот мост, највисокиот мост во Хамбург.
Од 2005 до 2014 година, првата половина на трката се состоела од јужниот дел во насока кон Линебуршкиот голет во Долна Саксонија, пред да се врати во центарот на Хамбург и да го отпочне западниот дел.[19]
Во 2015 година, организаторите ја променила рутата во чест на прославата на дваесетгодишнината на трката.[20] Трката започнала во Кил, 90 километри северно од Хамбург, на западниот брег на Балтичкото Море, пред да се упати југозападно кон Хамбург, поминувајќи низ Шлезвиг-Холштајн. Вкупното растојание било скратено на 222 километри, но завршниот пристап во Хамбург, со трите искачувања на Вазеберг и завршницата на Менкебергштрасе останале исти. Рутата од Кил до Хамбург била исто така одбрана со цел да ја промовира заедничката кандидатура на обата града за Летните олимписки игри 2024.[21]
Директорот на трката Роланд Хофер изјавил: „Иако профилот на трката можеби изгледа поподобен за спринтери, може на крајот да биде освоена од сите видови на возачи и е точно онаков вид на трка како што е потребна за настан од Светската турнеја [...] Светската турнеја доаѓа во Германија во средината на „ренесансата“ на германскиот велосипедизам, со последните успеси кои ги подмладуваат интересот во земјата за спортот по падот во минатото“.[22]
Година | Победник | Екипа |
---|---|---|
1996 | Росано Брази | Полти |
1997 | Јан Улрих | Тим Телеком |
1998 | Леон ван Бон | Рабобанк |
1999 | Мирко Челестино | Полти |
2000 | Габриеле Мисалја | Лампре |
2001 | Ерик Цабел | Тим Телеком |
2002 | Јохан Музеув | Домо-Фарм Фритес |
2003 | Паоло Бетини | Квик Степ-Давитамон |
2004 | Стјуарт О’Грејди | Кофидис |
2005 | Филипо Поцато | Квик Степ-Инерџетик |
Година | Победник | Екипа |
---|---|---|
2006 | Оскар Фреир | Рабобанк |
2007 | Алесандро Балан | Лампре-Фондитал |
2008 | Роби Мекјуан | Сајленс-Лото |
2009 | Тајлер Фарар | Гармин-Слипстрим |
2010 | Тајлер Фарар | Гармин-Транзишанс |
2011 | Едвалд Боасон Хаген | Тим Скај |
2012 | Арно Демар | ФДЖ-БигМет |
2013 | Џон Дегенколб | Аргос-Шимано |
2014 | Александер Кристоф | Катјуша |
2015 | Андре Грајпел | Лото-Судал |
Година | Победник | Екипа |
---|---|---|
2016 | Кејлеб Јуан | Орика-БајкЕксчејнџ |
2017 | Елија Вивијани | Тим Скај |
2018 | Елија Вивијани | Квик-Степ Флорс |
2019 | Елија Вивијани | Декојнинк-Квик Степ |
Победи | Велосипедист | Изданија |
---|---|---|
Елија Вивијани (ИТА) | 2017 + 2018 + 2019 | |
Тајлер Фарар (САД) | 2009 + 2010 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.