Гај Јулиј Цезар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гај Јулиј Цезар[2] (латински: C•IVLIVS•C•F•C•N•CAESAR; 12 или 13 јули 100 п.н.е. — 15 март 44 п.н.е.) — римски воен и политички водач чие освојување на Галија Комата го проширила римскиот свет сè до Атлантскиот Океан, успех чии последици се видливи и денес. Според многумина, Цезар е еден од најголемите луѓе во Стариот Свет. Тој е можеби најпознатата историска личност како резултат на комбинација на човековите таленти: од командување во битка, државништво, говорништво, пишување, право, владеење, сексуалност, пријателство и разговор — тој бил одличен во сите. Имал огромна волја, храброст и целосно отсуство на омраза од кој било вид. Тој бил обожуван од страна на луѓето во Рим и прогласен за бог.
Гај Јулиј Цезар C•IVLIVS•C•F•C•N•CAESAR | |||||
---|---|---|---|---|---|
Конзул/Диктатор на Римската Република | |||||
Статуа на Цезар во Уметничкоисторискиот музеј во Виена | |||||
На престол | 49 п.н.е. — 15 март 44 п.н.е. | ||||
Деца | Јулија 85/84 — 54 п.н.е. Птоломеј XV Цезарион 47 — 30 п.н.е. Октавијан Август 63 п.н.е. — 14 | ||||
| |||||
Династија | Јулијанско-клаудиска династија | ||||
Татко | Гај Јулиј Цезар | ||||
Мајка | Аврелија Кота[1] |
Достигнувањата на Цезар не се само воените походи и освојувањата. Тој всушност бил голем реформатор и основач на Римското Царство, иако за прв император се смета неговиот внук од сестра, посинок и наследник Гај Октавијан. Подоцнежните императори во Рим биле ословувани со титулата „цезар“ (од која е изведен зборот „цар“ во многу европски јазици).
Што се однесува до воените походи на Цезар, тој кога дошол на власт во рамките на Првиот триумвират, Рим била само средоземна држава, но тој освоил и ги присоединил Франција, Белгија, делови од Шпанија, со други зборови ја направил европска држава и бил основоположник на западна Европа каква што денес ние ја знаеме. Потоа, под власта на Цезар потпаднале делови од Германија, а се обидел да ја освои и Британија.
По враќањето од западна Европа ја започнал граѓанската војна против неговиот партнер во власта, Помпеј. Клучен елемент во оваа борба било што Цезар остварил контрола врз Египет, главниот снабдител на Рим со жито, преку марионетскиот режим на кралицата Клеопатра, последниот претставник на македонската Птоломејска династија.
Цезар е значаен и по реформите кои ги спровел во 44 година п.н.е. Тоа биле: преобликување на календарот, организирање локална управа, основање колонии, зголемување на Сенатот, спречување на инцидентите на исток и сл. Меѓутоа во екот на овие реформи тој бил убиен во заговор на многумина сенатори кои му должеле многу, меѓу кои и неговиот посинок Брут. Нивното мислење било дека Цезар, колку и да е добар за државата, не би бил прифатлив како владетел. Монархијата која била цел на Цезар, била неприфатлива за конзервативните римски сенатори, кои претпочитале опстојување на републиканскиот систем на владеење, заснован на заедничка доминација на повеќе аристократски семејства, наместо на само едно од нив.
Гај Јулиј Цезар се смета за исклучително важна историска личност, без која не ќе го знаевме светот каков што е денес.
Гај Јулиј Цезар е една од најпознатите личности во класичната историја, а во последните години од животот диктатор во моќната Римско Царство. Неговите записи од Галските војни спаѓаат меѓу ремек-делата на старата римска литература.
Група републикански заговорници го убиле во Рим, на 15 март 44 г. пред н.е.